Во 2025 година, 9,5 проценти од жителите на Европската Унија купиле е-книги или аудио книги, во споредба со 7,3 проценти во 2024 година.
Меѓу земјите од ЕУ, најголем дел од населението што купува е-книги и аудио книги е забележан во Ирска (24,5 проценти), Данска (22,5 проценти) и Хрватска (21,0 проценти), објави Европската статистичка служба – Евростат.
Најнизок дел (под пет проценти) е забележан во Унгарија, Италија, Словенија и Латвија.
Хрватска забележа најголемо зголемување на бројот на жители што купуваат е-книги и аудио книги, за 16 процентни поени (п.п.) во споредба со 2024 година, пред Грција (+7,2 п.п.) и Германија (+3,7 п.п.) и Кипар (+4,0 п.п.), додека Финска (-4,8 п.п.), Португалија (-1,6 п.п.) и Малта (-0,1 п.п.) забележаа пад.
Речиси 30.000 посетители, повеќе од 130 промоции на наслови, присуство на над 60 издавачки куќи – богата програма со специјални попусти, книжевни панели и интерактивни работилници, ќе понуди 38. Саем на книгата, кој почна вчера и ќе трае до 29 април.
Саемот се одржува во арената „Борис Трајковски“ со мотото „Отвори прозорец кон нови светови“, а го отворија претседателката на државата, Гордана Сиљановска-Давкова, министерот за култура и туризам, Зоран Љутков, и градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски.
Фото Економија и бизнис







