Василева-Марковска: Програмата „Зелено и раст“ е подобна за учество на големи компании и не само ММСП

Пишува: Верица Хаџи Василева-Марковска, проектен раководител на Програмата „Зелено и раст“ на ЕБОР/ЦИФ

Програмата „Зелено и раст“ за Пелагонија и за Југозападна Македонија е воспоставена од страна на Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) со цел да обезбеди финансирање за поддршка на корпорациите, вклучително и микро, мали и средни претпријатија (ММСП) во погодените региони во Република Северна Македонија во процесот на надминување од последиците во заложбата на земјава за декарбонизација и планираното изведување од употреба на главните термоелектрани во земјава – РЕК Битола и Осломеј Кичево.

Програмата комбинира финансирање преку кредитна линија од ЕБОР која се администрира преку партнерски финансиски институции, грантови за инвестирање во вредност до 15 % и техничка помош финансирани од страна на Климатските инвестициски фондови (ЦИФ). Партнерски финансиски институции во Програмата се НЛБ Банка и Шпаркасе Банка. Техничките консултанти ги поддржуваат компаниите од процесот на пријавување до финализација на имплементацијата.

За разлика од слични програми активни во Северна Македонија, Програмата „Зелено и раст“ е подобна за учество на големи компании и не само ММСП. Дополнително Програмата става фокус на само два региона во Северна Македонија, а не на цела земја.

Програмата е активна безмалку една година. Таа привлече значаен интерес од многу компании, неколку се веќе вклучени. Досега се покажа како попривлечна за компаниите регистрирани во регионите Пелагонија и Југозападна Македонија, иако е отворена за компании од целава земја доколку инвестираат во погодените региони. Компаниите се многу разновидни во однос на индустријата во која работат: има производствени компании, производство на електрична енергија, градежништво, компании за рециклирање отпад, хотели, ресторани, трговци на мало.

Процесот на финансирање во Програмата е сложен, но одлично дизајниран со цел да одговори на потенцијални проблеми и предизвици. Учесниците имаат доволно поддршка низ вкупните проектни активности: пријавување, имплементација, верификација и поврат на грантовската стимулација.

Програмата опфаќа структура и јасни процедури проследени со соодветна документација, а во исто време обезбедува поддршка и водење и насочување низ севкупниот проектен процес.


Економија и бизнис, 15 мај 2026г

Работилница „Зелено и раст“ (Green & Growth) во Стопанската комора на Северна Македонија – Економија и бизнис

Повеќе од истиот автор

Најчитано