Прекин на водоснабдувањето на дел од булеварот Партизански одреди кај Сити мол

Поради дефект на водоводна цевка со профил Ф-300 милиметри на булеварот Партизански одреди, спроти трговскиот центар Сити мол, денеска ќе има прекин во водоснабдувањето.

Од ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје информираат дека без вода ќе останат корисниците од дел од булеварот, почнувајќи од 13:10 часот.

Прекинот ќе трае до целосно санирање на дефектот.

Повеќе од истиот автор

Најчитано