ТРАМП ОБЈАВИ ЕНЕРГЕТСКО ПРИМИРЈЕ МЕЃУ РУСИЈА И УКРАИНА, Зеленски бара два месеца прекин на војната за да се одржат иборите во Украина

Американскиот претседател Доналд Трамп објави енергетско примирје во војната меѓу Русија и Украина, кое стапува на сила веднаш.

„Енергетското примирје во војната меѓу Русија и Украина стапува на сила веднаш. Двете страни се согласија. Не го кршете“, напиша Трамп на мрежата „Truth Social“.

Трамп изјави во саботата дека Украина треба да добие нов претседател „кој може да склучи договор“, критикувајќи го Зеленски за нападите врз руската рафинерија за нафта и нивното влијание врз светскиот пазар на дизел.

Трамп во петокот изјави дека во разговорот со рускиот претседател Владимир Путин е договорено да се испорачаат неколку милиони тони дизел гориво од Русија на американскиот и светскиот пазар, проценувајќи дека тоа ќе доведе до брз и значителен пад на цената на таа енергија.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес предложи 60-дневно целосно примирје со Русија за да може Украина да организира претседателски избори, нагласувајќи дека Киев е исто така подготвен за договор за запирање на нападите врз енергетската инфраструктура, додека во исто време го повика американскиот претседател Доналд Трамп да изврши притисок врз рускиот претседател Владимир Путин да ја прекине војната.

„Кажете му на (рускиот претседател Владимир) Путин да ни даде два месеци, 60 дена примирје, и ние ќе организираме избори. Секако, ќе бидеме подготвени да прифатиме каква било одлука на нашиот народ“, рече Зеленски во интервју за ABC News.


Фото Економија и бизнис

Повеќе од истиот автор

Најчитано