Светско првенство 12/16 — Lumen Field (Сиетл): Една од најгласните арени во Америка ќе биде дел од СП 2026

Неверојатна акустика, страствени навивачи и силна soccer-култура — Сиетл подготвен за атмосфера што ќе се памети.
Lumen Field (Сиетл)

ИНФО

  • Град: Сиетл
  • Држава: САД
  • Капацитет: околу 69.000
  • Отворен: 2002
  • Домаќини: Seattle Seahawks / Seattle Sounders
  • Интересен факт: познат по една од најгласните атмосфери во американскиот спорт

Lumen Field во Сиетл е стадион што одамна има репутација на една од најгласните и најатмосферични арени во САД. Благодарение на специфичниот дизајн и близината на трибините до теренот, звукот тука создава чувство како целиот стадион да вибрира за време на натпреварите. Овој стадион се одликува со уникатна форма на потковица со отворен северен крај што овозможува прекрасен поглед на Сиетл.

Отворен во 2002 година, двапати е запишан во Гинисовата книга на рекорди како најгласен стадион на отворено, со подвизи постигнати во септември и декември 2013 година. Тој стана познат како тврдина за тимови како што се Сиетл Саундерс од МЛС и Сиетл Сихокс од НФЛ.

Сиетл Саундерс редовно игра пред десетици илјади навивачи, а атмосферата на нивните натпревари често се смета за една од најдобрите во Северна Америка. Во 2026 година, токму таа енергија ќе биде пренесена и на Светското првенство.

Освен по атмосферата, Lumen Field е познат и по својата локација. Сместен во близина на центарот на Сиетл и со поглед кон заливот и облакодерите, стадионот нуди уникатен амбиент што малку арени во светот можат да го имаат.

Во текот на СП 2026, Сиетл се очекува да биде една од најживите фудбалски дестинации во САД. На него ќе се играат шест натпревари вклучувајќи го и натпреварот помеѓу САД и Австралија во групната фаза, како и Белгија-Египет, Босна и Херцеговина-Катар и Египет-Иран, исто така од групната фаза и по еден натпревар од шеснаесет финале и осмина финале.

Lumen Field нема да биде само уште еден стадион на Мундијалот — туку место каде што публиката ќе биде подеднакво важен дел од спектаклот како и фудбалот на теренот.

Утре во серијалот „16 стадиони, еден Мундијал“:

BMO Field (Торонто) — канадската фудбалска приказна ќе биде дел од СП 2026

Повеќе од истиот автор

Најчитано