Во посета на Јавното обвинителство денеска беа студенти на Правниот факултет „Јустинијан Први“, од студиската група – Односи со јавност, предводени од раководителот на катедрата, професорката Јасна Бачовска – Недиќ.
Како што соопштува Јавното обвинителство, Јавниот обвинител на РСМ Ненад Савески ги запознал студентите со плановите за зголемување на транспарентноста и за јакнење на довербата во Јавното обвинителство.
-Тој преку лични искуства им зборуваше за градењето на позитивната перцепција кон институцијата и за одговорноста на јавните функционери пред јавноста – стои во соопштението од ЈО.
За влијанието на односите со јавноста врз довербата на јавните институции студентите разговарале и со раководителката на Одделението за односи со јавноста во Јавното обвинителство, Билјана Арсовска.
Фото: ЈО






