ЦЕНАТА НА ГАСОТ ВО ЕВРОПА НА РЕКОРДНИ 100 ЕВРА ЗА МЕГАВАТ-ЧАС

Цената на природниот гас во Европа денес се приближи до границата од 100 евра за мегават-час (MWh).

Референтниот фјучерсен договор за природен гас во центарот TTF, за испорака во рок од еден месец, се искачи на 97,64 евра за MWh на берзата во Амстердам, што е зголемување од речиси три проценти во однос на петокот и највисока цена од крајот на 2022 година.

Цената на гасот неодамна го достигна највисокото ниво во последните неколку години. Од почетокот на месецот, таа се зголеми за околу една третина, а од почетокот на годината се зголеми за повеќе од трипати, јавува германската новинска агенција dpa.

Последниот пат цените на природниот гас нагло пораснаа на почетокот на војната во Украина, кога достигнаа многу повисоко ниво, надминувајќи 300 евра за MWh.


Фото Економија и бизнис

Повеќе од истиот автор

Најчитано