Штип продава три градежни парцели за лесна индустрија и стовариште во Плуждино

Три градежни парцели во месноста Плуждино се продаваат преку јавно надавање. Секретарот на општина Штип, Вишна Шорова-Ангелова денеска информираше дека Општината ја објави втората постапка за нивно отуѓување. Две од парцелите се со намена за лесна и незагадувачка индустрија, додека една со намена за стоваршите. Парцелите се со различна големина, од 6.800 до околу 65 илјади квадратни метри. 

-Се работи за три градежни парцели, кои што се наоѓаат во место викано Плуждино и овие градежни парцели се со намена индустрија, или поточно две од нив се со намена Г2 – лесна и незагадувачка индустрија, додека една од нив е со намена Г3 или поточно стовариште. Овие градежни парцели се со различни површини , најголемата е со 65.000 квадратни метри, додека најмалата од нив е со површина од 6800 квадратни метри -рече Шорова-Ангелова.

Посочи дека секоја од парцелите овозможува изградба на приземни објекти со максимална висина до осум метри. Јавниот повик е отворен до 18 мај, а  услови се достапни на веб-страницата на Општина Штип и на платформата за отуѓување градежно земјиште. Шорова-Ангелова додаде дека објавата ќе трае до 18 мај.


Извор/фото МИА

Повеќе од истиот автор

Најчитано