„ПОНИСКИ КАМАТИ ЗА САД ПОД ЕДЕН ПРОЦЕНТ И ТОА БРЗО“, порача Трамп, по одлуката на ФЕД за зголемување на каматите

Американскиот претседател Доналд Трамп повика каматните стапки во Соединетите Американски Држави да се намалат на еден процент или пониско, само неколку часа откако Федералните резерви ја зголемија својата референтна каматна стапка.

„Каматните стапки во Соединетите Американски Држави треба да бидат еден процент или пониски бидејќи ние сме убедливо најсигурен заемопримач во светот. Нашата земја е во подем благодарение на новите инвестиции“, напиша Трамп на социјалната мрежа.

„Пониски каматни стапки за Соединетите Американски Држави, и тоа брзо“, рече Трамп.

Реакцијата на Трамп следеше по одлуката на ФЕД да ја зголеми референтната каматна стапка за 0,25 процентни поени, на опсег од 3,75 до 4 проценти. Тоа беше првата промена нагоре за три години.

Претседателот на ФЕД, Кевин Ворш, ја бранеше одлуката, велејќи дека податоците за инфлацијата од ова лето покажуваат дека основните трендови не се подобриле. Тој исто така рече дека не може да ги опише општите финансиски услови како рестриктивни, пренесува Политика.


Фото Економија и бизнис

Повеќе од истиот автор

Најчитано