Петмина лекари опфатени со акцијата на БЈБ против нелегални третмани и препарати, се сомнева дека групата била поврзана со нелегален увоз и дистрибуција на фалсификувани ботокси, филери и други медицински препарати

Оделот за организиран криминал при БЈБ на МВР спроведе акција попладнево за истрага за нелегални медицински третмани и нерегистрирани препарати.

Како што е потврдено, координираната акција е извршена на повеќе локации низ државата, насочена кон разбивање на мрежи кои, според информациите, вршеле нелегални медицински третмани и дистрибуција на нерегистрирани препарати.

Според првичните сознанијата, во акцијата се опфатени докторите: Н.К.– дерматолог, А.К. – дерматолог, Д. Ф. – дерматолог, М.И.В.- доктор и А.Т. од Битола.

Се сомнева дека групата била поврзана со нелегален увоз и дистрибуција на фалсификувани ботокси, филери и други медицински препарати, кои биле внесувани во земјава преку нелегални канали од повеќе држави, меѓу кои Кина, Турција и Србија. Производите, според информациите, немале соодветна контрола, дозволи ниту регистрација, а потоа биле пласирани на пазарот.

Овие препарати, кои често се користеле под превезот на естетски третмани, наместо подобрување на изгледот, можеле да предизвикаат сериозни здравствени последици – инфекции, деформитети, трајни оштетувања, па дури и ризик по животот на граѓаните.

Случајот отвора сериозни прашања за злоупотреба на довербата на пациентите и опасностите од нерегулирани медицински интервенции.

Надлежните институции најавуваат дека борбата против ваквите криминални структури ќе продолжи со засилено темпо, со цел целосно расчистување на случајот и санкционирање на одговорните.


Извор/фото МИА

Повеќе од истиот автор

Најчитано