Пентагон објави нова серија класифицирани документи за НЛО, вклучувајќи повеќе од 50 видеа и други сведоштва поврзани со „неидентификувани аномални феномени“ (UAP), официјалниот термин што го користи американската федерална влада за НЛО.
Меѓу новите материјали е видео од инфрацрвениот сензор на крајбрежната стража на САД од април 2024 година, кое прикажува објект што лета во близина на авионот над југоисточниот дел на САД, пишува ABC News.
Објавено е уште едно видео со наслов Syrian UAP instant acceleration”, создадено во 2021 година со помош на инфрацрвен сензор на американска воена платформа, а според Пентагон, било прикачено на тајна мрежа во 2024 година.
По истрагата, Канцеларијата за решавање на аномалии од сите домени (AARO) на Пентагон објави дека не се пронајдени докази дека овие инциденти се од вонземско потекло. Сепак, воените претставници признаваат дека многу случаи остануваат „нерешени“ и дека нема објаснување за нив.
Досега, Пентагон објави повеќе од 200 досиеја поврзани со феноменот на UAP, кои се од голем јавен интерес со децении, по директивата за откривање од американскиот претседател Доналд Трамп.
Фото Економија и бизнис








