„ОВА НЕ Е МЕНХЕТЕН. 10.000 ЕВРА ЗА КВАДРАТЕН МЕТАР СТАН!“ – хрватскиот премиер со коментар за цените на недвижностите

Премиерот Андреј Пленковиќ се осврна на антиинфлаторните мерки и данокот на дополнителна добивка и рече дека пакетот е комплетен и логичен, пишува N1.

„Ќе ја искористиме оваа година за колективно договарање, но не очекуваме нови зголемувања на платите во текот на оваа календарска година“, изјави Пленковиќ, во отчетот за работата на хрватската влада.

„Веруваме дека некој што има маржа на профит од 50 проценти – нешто економски не е во ред. Ќе се обидеме да испратиме порака до средните и големите компании. Ние ќе дејствуваме превентивно со објавување на таков данок на екстрапрофит. Можно е цените и маржите да бидат намалени“, рече Пленковиќ.

Зборувајќи за цените на недвижностите: „Не постои механизам да се каже не плаќајте 10.000 евра за квадратен метар, што е неверојатно. Значи ова не е Менхетен.“, истакна хрватскиот премиер.


Фото Економија и бизнис

Повеќе од истиот автор

Најчитано