НА ИЗБОРИТЕ ВО САД ДЕМОКРАТИТЕ ГО ОСВОИЈА КОНГРЕСОТ, Трамп е подготвен да соработува  

Демократите ќе ја преземат контролата врз двата дома на американскиот Конгрес во јануари, бидејќи на среднорочните избори го освоија мнозинството и во Претставничкиот дом и во Сенатот, објави денес NBC.

Изборите за новиот состав на Претставничкиот дом и една третина од Сенатот се одржаа низ целите Соединети Американски Држави.

На среднорочните избори, демократите ѝ зададоа тежок удар на Републиканската партија на американскиот претседател Доналд Трамп, постигнувајќи серија неочекувани победи во упориштата на републиканците. Според претходните резултати и проекции, тие се на пат да го преземат мнозинството во двата дома на американскиот Конгрес – Сенатот и Претставничкиот дом.

Во Претставничкиот дом, демократите моментално имаат 181 мандат, републиканците 107. Во Сенатот, демократите освоија 51 мандат и со тоа постигнаа целосна победа.

Според проекциите на „Асошиејтед Прес“, демократот Џејмс Таларико го освои сенатското место во Тексас, каде што демократите не победиле на избори за Сенат од 1988 година.

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека е подготвен да соработува со демократите по нивниот изборен успех, но во исто време рече дека ќе го искористи правото на вето без двоумење.

Лидерот на демократите во Претставничкиот дом на американскиот Конгрес, Хаким Џефрис, рече дека големиот американски камбек започнува денес, откако резултатите од среднорочните избори во Соединетите Американски Држави покажаа дека демократите ќе ја имаат контролата врз тој дом, како и врз Сенатот.

„Демократите во Претставничкиот дом ја вратија контролата врз Конгресот на Соединетите Американски Држави“, им рече Џефрис на поддржувачите, додавајќи дека американскиот народ рекол дека е презаситен од екстремизмот и корупцијата, објави Си-Ен-Ен.

Тој истакна дека граѓаните сакаат Конгрес кој ќе одговори на нивните потреби и најави дека демократите ќе почнат да спроведуваат промени по преземањето на функцијата во јануари.

Доналд Трамп изјави дека е подготвен да соработува со демократите по нивниот изборен успех, но во исто време рече дека ќе го искористи правото на вето без двоумење. Во телефонски разговор во живо со новинарката на Политико, Даша Бернс, Трамп не ја доведе во прашање легитимноста на резултатите од изборите.

„Ќе соработуваме со демократите“, рече Трамп. Тој рече дека ќе ги разгледа сите предлози што се добри и соодветни за земјата.


Фото Економија и бизнис

Повеќе од истиот автор

Најчитано