Хрватската Влада ја усвои Уредбата со која го утврди нивото на минималната плата за следната година.
„Одлучивме дека минималната плата ќе биде 1.130 евра“, изјави премиерот Андреј Пленковиќ на отворениот дел од седницата на Владата.
Тој рече дека минималната плата во Хрватска денес е 1.050 евра.
Во следната година, додаде тој, минималната плата ќе биде повисока за 60 евра.
Тој потсети дека минималната плата се зголемила од 414 евра на 1.130 евра од 2016 година.
„Тоа е номинално зголемување од 173 проценти, реално зголемување од 97 проценти кога ќе се одземе инфлацијата. Во Хрватска, 50 илјади работници примаат минимална плата. Веруваме дека ова предложено зголемување е реално, ги штити работниците, особено оние со најниски плати, а исто така ги зема предвид конкурентноста и потребите на хрватската економија“, рече Пленковиќ.
Со зголемувањето на минималната плата, минималната студентска плата по час ќе се зголеми на 7,06 евра.
Фото Економија и бизнис








