МАКЕДОНСКОТО ЗНАМЕ СЕ КРЕНА НАД ЊУЈОРК, во чeст на 35 годишнината на независноста

Во чeст на 35 годишнината на независноста, македонското знаме денеска свечено се крена над Њујорк.
Традиционалната церемонија се одржа во финансискиот центар на Њујорк, пред познатиот споменик на разјарениот бик.

Претставници на Обединетата Македонска Дијаспора, која го организираше настанот,  се заблагодарија на десетиците Македонци кои дојдоа и покрај лошото време и најавите за бура.  

-Со овој гест сакаме да го потсетиме сите дека сме тука и дека нема да не снема. Како времето денес, имавме 35 тешки ходникот, во кои се обидоа да не избришат, но не им успеа и уште сме тука. Задачата на ОМД е да ги собере Македонците, бидејќи сме посилни кога сме заедно – изјави за МИА Арџи Белио од Обединетата Македонска Дијаспора.

Свеченоста беше одбележана со изведба на македонската и американската химна, како и со настап на пејачка Андријана Јаневски, која го изведе хитот Земјо Мила.

Во Њујорк вчера се одржа прием во чест на 35 годишнината од независноста на Македонија. На настанот присуствуваше и високата владина делегација предводена од премиерот Христијан Мицкоски, која учествува на Генералното Собрание на Обединетите Нации, дипломатски претставници, видни Македонци и претставници на други етнички заедници од дијаспората.

-Би сакал да се заблагодарам на сите што се оваа вечер овде со нас. Ви благодарам за се што правите за Македонија. Минатото никогаш не треба да го заборавиме, секогаш треба да си спомнеме за него, да учиме поуки и да не ги повторуваме грешките од минатото. Македонија е вашата татковина. Вратата дома секогаш ви е отворена. Целта на оваа македонска Влада е што повеќе македонски граѓани да се вратат во својата татковина, таму да инвестираат, таму да ја градат иднината на своите семејства, и таму да се грижат, заедно со Македонците и со останатите наши сограѓани за иднината на Македониј. дојдете, инвестирајте, создавајте во вашата татковина – изјави премиерот Мицкоски.

Пред собраните видни Македонци од дијаспората, и странски гости, премиерот Мицкоски ја претстави економската состојба во Македонија, пред се со фокус на високата стапка на раст на економијата.

-Во моментот можеби имаме најстабилна Влада во Европа, со отприлика двотретинско мнозинство во Парламентот. Таа стабилност гарантира реформи и испорака на економски резултати – изјави премиерот Мицкоски, посочувајќи го растот на бруто домашниот производ од 4.3 проценти. 


Извор/фото МИА

Повеќе од истиот автор

Најчитано