ЛИКОТ НА ТРАМП НА БАНКНОТА ОД 250 ДОЛАРИ!?

Службеници на администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп извршиле притисок врз владината канцеларија задолжена за печатење пари да дизајнира банкнота од 250 долари со ликот на Трамп, објави денес „Вашингтон пост“, повикувајќи се на двајца поранешни и двајца сегашни вработени во службата.

Весникот објави дека ова ќе биде прв пат по повеќе од 150 години лице кое е сè уште живо да биде прикажано на американската валута.

Извори велат дека почнувајќи од минатата година, двајца службеници на Министерството за финансии, постојано ги повикувале вработените во Бирото за гравирање и печатење на агенцијата да подготват прототипови на банкноти.

Според изворите, овој потег предизвикал загриженост бидејќи федералниот закон моментално дозволува само починати лица да се појавуваат на банкнотите.

Еден од вработените во државната печатница изјавил дека во август и септември, им биле дадени на вработените во бирото примероци на дизајни за банкнотата, вклучувајќи еден на кој лицето на Доналд Трамп е во центарот на банкнотата од 250 долари помеѓу потписите на претседателот и секретарот за финансии Скот Бесент.

Уметникот кој тврди дека ги дизајнирал шаблоните, изјавил за американскиот весник дека разговарал со Трамп за тоа.

Британскиот сликар Иан Александар рекол дека Трамп ги поддржува промените во неговиот оригинален дизајн, како што се додавањето на боите на американското знаме и логото по повод 250-годишнината од нацијата.

Законот што ќе му дозволи на Трамп да се појави на банкнотата од 250 долари бил поднесен во Конгресот минатата година за да се одбележи годишнината од нацијата, но оттогаш не успеал да помине, пренесува Еуроњуз Србија.


Фото Економија и бизнис

Повеќе од истиот автор

Најчитано