КОС: ДО 2030 АЛБАНИЈА БИ МОЖЕЛА ДА БИДЕ ЧЛЕНКА ВО ЕУ,  договорот за пристапување би можел да биде потпишан во 2028 година

Еврокомесарот за проширување Марта Кос денес изјави дека Албанија би можела да стане членка на Европската Унија до 2030 година, додека договорот за пристапување би можел да биде потпишан во 2028 година, доколку реформите продолжат со планираното темпо и земјите-членки дадат согласност во сите фази од процесот.

Кос е на заедничка прес-конференција со албанскиот премиер Еди Рам. изјави дека Албанија би можела да биде близу до крајот на преговорите за членство на крајот од следната година, пренесува Euronews Albania.

Според неа, доколку се постигнат резултати во спроведувањето на реформите и земјите-членки дадат зелено светло, следниот чекор би бил формирање работна група за изготвување на договорот за пристапување.

„Ако сè оди добро, договорот би можел да биде потпишан во 2028 година. Во зависност од процесот на ратификација и визијата на вашата влада и граѓаните, Албанија би можела да стане членка на Европската Унија до 2030 година“, рече Кос.

Албанскиот премиер Еди Рама изјави дека процесот на пристапување кон ЕУ нема однапред одреден рок, бидејќи зависи не само од исполнувањето на обврските на земјата кандидат, туку и од едногласната одлука на сите 27 земји-членки на Унијата.

Тој го спореди процесот на европска интеграција со образованието, нагласувајќи дека членството не може да се гледа како школување кое има однапред одреден датум на завршување.


Фото Економија и бизнис

Повеќе од истиот автор

Најчитано