Во третото тримесечје од 2026 година, во споредба со истиот период од 2025 година, бројот на живородените деца изнесува 4 160 и е намален за 4,8 %, објави Државниот завод за статистика.
Бројот на умрените лица во третото тримесечје од 2026 година бележи зголемување од 0,1 % во споредба со истото тримесечје од 2025 година и изнесува 4 807 лица, а од нив 19 се умрени доенчиња.
Природниот прираст е негативен и изнесува -647, што значи дека за толку лица е помал бројот на живородените деца од бројот на умрените лица.
Во ова тримесечје од годината се склучени 3 524 бракови и нивниот број е зголемен за 0,5 % во споредба со истиот период од 2025 година, а регистрирани се и 397 разведени бракови.
Фото Економија и бизнис








