Усвоена Бриселската декларација од Самитот ЕУ – Западен Балкан

Лидерите на Европската Унија (ЕУ), во консултација со партнерите од Западен Балкан, одржаа состанок во Брисел и ги донесоа следните заклучоци: (ви ги пренесуваме во целост)

  1. Денешниот состанок, кој следува по успешниот состанок одржан во Црна Гора во јуни 2026 година, ја потврдува сѐ поголемата стратегиска важност на односите помеѓу ЕУ и Западен Балкан и придобивките што тие односи им ги носат на нашите граѓани. Сѐ понестабилната геополитичка ситуација, одбележана со руската воена агресија против Украина, конфликтите на Блискиот Исток и сѐ поинтензивната глобална конкуренција, ја нагласува потребата од сѐ потесни односи помеѓу ЕУ и Западен Балкан.
  2. Ја реафирмираме нашата целосна и недвосмислена посветеност на перспективата за членство во ЕУ на Западен Балкан. Иднината на Западен Балкан е во нашата Унија. Проширувањето претставува реална можност што треба да се искористи.
  3. Повторно ја истакнуваме важноста на проширувањето како геостратегиска инвестиција во мирот, безбедноста, стабилноста и просперитетот во Европа. Ги повикуваме сите партнери од Западен Балкан да го забрзаат спроведувањето одлучни и веродостојни реформи, особено во областа на фундаменталните принципи, и да ги исполнат обврските потребни за напредување на патот кон ЕУ. Ги поздравуваме динамиката и напредокот што го постигнаа партнерите од Западен Балкан на патот кон ЕУ од последниот состанок. Забрзувањето на процесот на пристапување, заснован врз веродостојни реформи од партнерите, праведна и ригорозна условеност и врз принципот на сопствени заслуги е во наш меѓусебен интерес. Паралелно, во согласност со Декларацијата од Гранада, ЕУ треба да ги унапреди сопствените подготовки и реформи за проширена Унија.
  4. Потсетувајќи се на претходните декларации, повторно ја истакнуваме важноста на посветеноста на партнерите од Западен Балкан на почитување на европските вредности и принципи, во согласност со меѓународното право, приматот на демократијата, фундаменталните права и вредности и владеењето на правото. Очекуваме од нив да ја покажат оваа посветеност со конкретни постапки, така што ќе преземат одговорност и ќе ги спроведат потребните реформи, особено во областа на фундаменталните принципи и владеењето на правото. Слободата на изразување, независните и плуралистички медиуми, родовата еднаквост и силната улога на граѓанското општество се клучни за да се обезбеди функционална демократија. Повторно ги повикуваме партнерите да ги гарантираат правата на припадниците на малцинства и нивниот рамноправен третман. Секое величање на воени злосторници, негирање на геноцидот и ревизионизам се во спротивност со најосновните европски вредности. Ги повикуваме сите партнери од Западен Балкан да поттикнуваат култура на почит кон сите жртви и солидарност со нив, како и да ги почитуваат пресудите на меѓународните и националните судови за воени злосторства.
  5. Инклузивната регионална соработка, помирувањето и добрососедските односи остануваат клучни за градење заедничка иднина, како и за спроведување на меѓународните договори со добра волја и со опипливи резултати, вклучително и Преспанскиот договор со Грција и Договорот за пријателство, добрососедство и соработка со Бугарија. Сè уште се потребни одлучни понатамошни напори за поттикнување на помирувањето и регионалната стабилност, како и за наоѓање и спроведување дефинитивни, инклузивни и обврзувачки решенија за регионалните и билатералните спорови и прашања на партнерите, вкоренети во наследството од минатото, во согласност со меѓународното право и утврдените принципи. Ова вклучува решавање на сите преостанати случаи на исчезнати лица и решавање на отворените прашања поврзани со воени злосторства, со цел да се обезбедат одговорност и правда. Неопходно е да продолжат напорите на релевантните партнери за исполнување на сите преостанати обврски што произлегуваат од Договорот за прашања на сукцесија и за решавање на преостанатите прашања поврзани со сукцесијата.
  6. Отсуството на нормализација на односите меѓу Приштина и Белград продолжува да ги попречува двата партнера на нивниот европски пат. Повторно ја потврдуваме нашата целосна поддршка за дијалогот Белград – Приштина за нормализација на односите, кој се води со посредство на ЕУ и под раководство на високиот претставник, со поддршка од специјалниот претставник на ЕУ. Ги охрабруваме двата партнера да ја искористат сегашнaта политичкa динамика за конструктивно да се вклучат во дијалогот и без одлагање да остварат конкретен напредок кон целосно спроведување на сите постигнати договори. Поддршката во рамките на Инструментот за реформи и раст за Западен Балкан е условена од конструктивниот ангажман на партнерите, придружен со мерлив напредок и конкретни резултати во нормализацијата на нивните односи.
  7. Ќе останеме решителни во нашата поддршка за сеопфатен, праведен и траен мир во Украина, врз основа на принципите на Повелбата на ОН и меѓународното право, поткрепен со цврсти и веродостојни безбедносни гаранции за Украина. Ќе продолжиме да им пружаме сеопфатна поддршка на Украина и на нејзиниот народ додека ги бранат суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина против руската воена агресија, во координација со партнерите со сродни ставови. Ја поздравуваме поддршката од партнерите од Западен Балкан во овие напори. Ќе продолжиме да инвестираме во мултилатерализам и да соработуваме со партнерите од Западен Балкан со цел почитување на меѓународното право. Во овој контекст, ги поздравуваме клучните принципи на европската безбедност усвоени по повод состанокот на Европската политичка заедница одржан на 12 ноември 2026 година.
  8. Ќе останеме решителни во нашата поддршка за сеопфатен, праведен и траен мир во Украина, врз основа на принципите на Повелбата на ОН и меѓународното право, поткрепен со цврсти и веродостојни безбедносни гаранции за Украина. Ќе продолжиме да им пружаме сеопфатна поддршка на Украина и на нејзиниот народ додека ги бранат суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина против руската воена агресија, во координација со партнерите со сродни ставови. Ја поздравуваме поддршката од партнерите од Западен Балкан во овие напори. Ќе продолжиме да инвестираме во мултилатерализам и да соработуваме со партнерите од Западен Балкан со цел почитување на меѓународното право. Во овој контекст, ги поздравуваме клучните принципи на европската безбедност усвоени по повод состанокот на Европската политичка заедница одржан на 12 ноември 2026 година.
  9. Го нагласуваме заемниот интерес за зајакнување на нашата соработка во областа на безбедноста и одбраната, за што сведочат нашите Партнерства за безбедност и одбрана, како и Дијалозите за безбедност и одбрана. ЕУ и Западен Балкан се посветени на продолжување на соработката во рамките на Европскиот мировен фонд за зајакнување на безбедноста, стабилноста и отпорноста на регионот. ЕУ исто така ги поздравува придонесите на партнерите во мисиите и операциите за Заедничката безбедносна и одбранбена политика на ЕУ и очекува понатамошна соработка во таа насока.
  10. ЕУ продолжува да го поддржува Западен Балкан во справувањето со киберзаканите и другите хибридни закани, вклучително и странското манипулирање со информации и мешање, чија цел е поткопување на демократските институции и на процесот на проширување, како и во понатамошното зајакнување на соработката за градење отпорност, меѓу другото преку Центарот за киберкапацитети на Западен Балкан (WB3C), зајакната соработка со Агенцијата на Европската Унија за кибербезбедност (ЕНИСА) и Европскиот штит за демократијата, особено преку Европскиот центар за демократска отпорност.
  11. Приближувањето на партнерите до ЕУ уште во текот на процесот на проширување останува стратегиски фокус. ЕУ ги охрабрува партнерите да соработуваат за максимално да ги искористат постојните можности. Истовремено се разгледуваат дополнителни предлози за постепена интеграција, под услов партнерите да се усогласат со релевантното право на ЕУ, во согласност со принципот на реверзибилност и врз основа на сопствените заслуги на партнерите. Потесната економска интеграција ќе ги зајакне отпорноста на синџирите на снабдување, конкурентноста и економската безбедност на двете страни.
  12. Во овој поглед, го поздравуваме напредокот во постепената интеграција на партнерите од Западен Балкан во едЕУ повторно ги повикува партнерите од Западен Балкан навремено да ги спроведат реформите и со тоа максимално да ја искористат оваа можност без преседан, која влегува во својата завршна фаза. Констатираме дека некои партнери од Западен Балкан веќе ги реализирале или се на добар пат да ги реализираат реформските чекори предвидени за првите четири шестмесечни извештајни периоди во рамките на Инструментот за реформи и раст и ги охрабруваме сите партнери да ги интензивираат своите напори.инствениот пазар на ЕУ, врз основа на усогласувањето со релевантното право на ЕУ и со почитување на интегритетот на единствениот пазар и со обезбедување еднакви услови за сите. Ова особено вклучува:
  • тековни активности за проширување на областа „Роаминг како дома“ на ЕУ кон Западен Балкан, со што на граѓаните ќе им се овозможи да остваруваат телефонски повици, да испраќаат пораки и да користат мобилни податоци каде било во ЕУ и во регионот без дополнителни трошоци
  • учеството на четири партнери во платежните шеми на Единствената област за плаќања во евра (СЕПА), како и неодамна поднесеното барање, укажуваат на позитивна динамика во насока на понатамошно проширување на нејзиниот географски опфат;
  • воведувањето на регионални системи за инстант плаќања засновани на технологијата на системот за порамнување на инстант плаќања (ТИПС) на Евросистемот, со што се придонесува за побрзи плаќања по пониски трошоци и подлабока финансиска интеграција;
  • промовирање технички размени со цел развивање индустриски дијалози во рамките на Автопатот на единствениот пазар, проширување на зелените ленти на ЕУ – Западен Балкан, како и модернизација и усогласување на граничните премини;
  • приклучување кон дигитални иницијативи или спроведување слични иницијативи, како што се центрите за дигитални иновации и Паричникот за дигитален идентитет на ЕУ, како и завршување на поставувањето на 500 јавни пристапни точки за Wi-Fi во регионот во рамките на иницијативата WiFi4WB;
  • воспоставување на Академијата за единствен пазар, која ќе ги зајакне административните капацитети и ќе обезбеди едукативни можности за земјите членки на ЕУ и за партнерите од Западен Балкан.

13. Потенцијалот на Планот за раст за забрзување на социоекономското приближување помеѓу Западен Балкан и ЕУ зависи од ефективната имплементација на реформите поврзани со ЕУ од страна на нашите партнери. Планот за раст, за кој се предвидени до 6 милијарди евра за реформи и инвестиции, има потенцијал да го забрза економскиот раст во регионот во следната деценија. Ова е дополнување на 29-те милијарди евра што се обезбедуваат преку Економскиот и инвестициски план.

14. ЕУ повторно ги повикува партнерите од Западен Балкан навремено да ги спроведат реформите и со тоа максимално да ја искористат оваа можност без преседан, која влегува во својата завршна фаза. Констатираме дека некои партнери од Западен Балкан веќе ги реализирале или се на добар пат да ги реализираат реформските чекори предвидени за првите четири шестмесечни извештајни периоди во рамките на Инструментот за реформи и раст и ги охрабруваме сите партнери да ги интензивираат своите напори.

15. ЕУ ја нагласува важноста на континуираното спроведување на Заедничкиот регионален пазар под координација на Советот за регионална соработка и конструктивната соработка во контекст на Централноевропскиот договор за слободна трговија (ЦЕФТА). Поттикнуваме натамошни напори за отстранување на преостанатите пречки во трговијата во рамките на регионот и за поедноставување на трговските постапки, особено за да им се олесни пристапот до пазарот на малите и средните претпријатија (МСП). Заедничкиот регионален пазар е чекор кон единствениот пазар на ЕУ.

16. ЕУ ќе продолжи да го поддржува зајакнувањето на поврзаноста во регионот и со ЕУ, вклучително и во областите на енергетиката, транспортот и дигиталната поврзаност, како и тековните напори за диверзификација на изворите и рутите за снабдување со енергија. Ова ќе ја зголеми нашата енергетска безбедност и ќе ги намали зависностите преку зајакнување на прекуграничните интерконекции, диверзификација на рутите за снабдување и инвестиции во енергетската инфраструктура. ЕУ ќе продолжи да придонесува за енергетската транзиција и развојот на инфраструктурата во Западен Балкан. Партнерите од Западен Балкан заземаат централно место во транспортниот коридор Западен Балкан – Источен Медитеран, вклучително и во стратегиски важниот Коридор VIII, кој ги поврзува Јадранското Море и Црното Море. Ги охрабруваме партнерите од Западен Балкан да постигнат решителен напредок кон неговото завршување, во согласност со Планот за работа од септември 2026 година, навремено користејќи ја поддршката од ЕУ.

17. Исто така, и понатаму е неопходна ефективна соработка во областа на управувањето со миграцијата, вклучително и поддршка од ЕУ за справување со миграциските предизвици по рутата во Западен Балкан. Партнерите од Западен Балкан треба да преземат дополнителни мерки за целосно усогласување на својата визна политика со политиката на ЕУ, за спречување и борба против криумчарењето мигранти и трговијата со луѓе, како и за понатамошно зајакнување на управувањето со границите, за подобрување на системите за азил и прифат и за унапредување на процесот на враќање во земјите на потекло. ЕУ ќе продолжи да ги поддржува партнерите од Западен Балкан во нивните напори за зајакнување на оперативната соработка со релевантните агенции на ЕУ, меѓу кои се Фронтекс и Агенцијата за азил на ЕУ, како и со трети земји, во согласност со правото на ЕУ и со меѓународното право.

18. Заедничките напори треба да продолжат и во спречувањето и борбата против корупцијата, трговијата со дрога и сите форми на сериозен и организиран криминал, како и во спречувањето и борбата против тероризмот и насилниот екстремизам во согласност со новиот Заеднички акциски план. ЕУ и партнерите од Западен Балкан треба да продолжат со активностите насочени кон воспоставување урамнотежен и сеопфатен пристап заснован на докази за справување со предизвиците поврзани со дрогата, како и кон зајакнување на меѓународната соработка и партнерствата, вклучително и преку заемно надополнување на нивните активности со активностите на Европската коалиција против дрогата (ЕЦАД), особено во борбата против трговијата со дрога и незаконската трговија со хемиски прекурзори.

19. Ефективната стратегиска комуникација на ЕУ и на партнерите од Западен Балкан, вклучително и во однос на придобивките од проширувањето и постепената интеграција, останува од клучно значење. Очекуваме партнерите од Западен Балкан да ги информираат своите граѓани дека ЕУ и понатаму е главниот инвеститор и трговски партнер на регионот, како и најголемиот давател на финансиска помош и сигурен партнер во областа на безбедноста. Дополнително, ЕУ придонесува за стабилноста и безбедноста во Европа.

20. Го поздравуваме усогласувањето[1] на нашите партнери од Западен Балкан со оваа Декларација.


[1] Србија не се усогласи. 

Повеќе од истиот автор

Најчитано