ВРЕМЕНСКА ПРОГНОЗА ЗА ЗИМАТА 2026/27, предновогодишните денови со снежни врнежи под просекот

Временските услови на Балканскиот Полуостров влегуваат во значително понестабилна и постудена фаза, со сè почести продори на влажен воздух што носат дожд, бурни ветрови и први сериозни најави за снег.

Метеоролошката страница „Severe Weather Europe“ (SWE) објави детална анализа за зимата 2026/2027 година, според која поголемиот дел од европскиот континент се соочува со значително послаба снежна сезона во споредба со повеќегодишниот просек.

Според експертите, обединувањето на прогностичките податоци од шест водечки светски метеоролошки центри укажува дека количината на снег ќе биде под нормалата во западните, централните, северозападните и јужните делови на Европа.

Во ноемвриското ажурирање на прогностичките модели, имаше дополнително намалување на предвидените снежни врнежи во областа на источно-централна, јужно-централна и југоисточна Европа, вклучувајќи го и Балканскиот Полуостров.

Синоптичарите на SWE нагласуваат дека прогнозата за врнежи под просекот не значи дека воопшто нема да има снег, туку дека се очекуваат помалку од нормалните количини, заедно со периоди на снежна покривка.

Според месечните проекции, јануари се издвојува како месец со најголема просторна покриеност со снег на континентот, иако зоните со надпросечен снег се ограничени главно на крајниот североисток, крајниот југоисток и мал дел од Алпите.

Главен двигател на временските обрасци во зимската сезона оваа година е исклучително силниот океански феномен Ел Нињо во екваторијалниот појас на Тихиот Океан. Аномалиите на температурата на океанот во источниот Пацифик надминуваат 7 степени над просекот, што го прави овој феномен најсилен во последните седум децении. Експертите од SWE објаснуваат дека овој силен Ел Нињо во Европа го поттикнува преовладувачкиот благ западен тек од Атлантикот и ги зајакнува гребените од југ, одржувајќи ги температурите на воздухот превисоки за подолготрајна снежна покривка во низините. Затоа повеќето европски скијачки центри бележат прогнози со подпросечни количини на природен снег.

Првите проценки за празничната недела од 20 до 26 декември покажуваат дека веројатноста за нови снежни врнежи е најголема во Скандинавија, Источна Европа и Алпите. Во централните делови на континентот, шансите за снег се помеѓу 40 и 60 проценти, пренесуваат медиумите.

Деновиве студениот бран би можел да го зафати и Балканот.

Според метеоролошките прогнози, студеното време во централна и источна Европа би можело да се задржи и во почетокот на декември, со можност студената воздушна маса да се прошири кон Балканскиот Полуостров.

Значително заладување се очекува и во Хрватска, каде што се најавуваат дожд, снег и лапавица, а снежни врнежи се можни и во делови од пониските предели.

И покрај студениот бран во Европа, глобалните температури и понатаму остануваат над просекот.


Фото Економија и бизнис

Повеќе од истиот автор

Најчитано