Канада во Европската Унија? Идеја што сè почесто се споменува во Брисел

Идејата Канада еден ден да стане членка на Европската Унија повеќе не се смета само за политичка фантазија. Во последните месеци неколку влијателни европски политичари отворено зборуваат за можноста за уште поблиски институционални врски меѓу Отава и Брисел.

Канадскиот премиер Марк Карни неодамна стана првиот лидер на неевропска држава поканет на самит на Европската политичка заедница, а Канада се приклучи и кон европскиот механизам за заедничка одбранбена индустрија и воено финансирање.

Францускиот министер за надворешни работи Жан-Ноел Баро изјави дека еден ден Канада би можела да стане дел од Европската Унија, додека финскиот претседател Александер Стуб му предложи на Карни сериозно да ја разгледа таквата можност.

Според аналитичарите, Канада политички и институционално е поблиску до европскиот модел отколку до дел од актуелните политики во САД. Дополнителен аргумент е и силната економска поврзаност меѓу ЕУ и Канада преку трговскиот договор CETA.

Иако сценариото засега изгледа далечно, дебатата отвора пошироко прашање: дали Европа во иднина ќе биде дефинирана само како географски простор или како политичка и вредносна заедница.

Темата е дел од поширока анализа за трансформацијата на Европа, односите со САД и иднината на НАТО. Прочитајте ја целосната анализа тука.

Повеќе од истиот автор

Најчитано