Последниот избор на ректор на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ повторно ја отвори дебатата за изборниот модел на најголемиот државен универзитет. Иако професорот Дарко Данев освоил мнозинство гласови на 16 од 23 факултети, актуелната ректорка Билјана Ангелова обезбедила втор мандат благодарение на системот на бодување.
Во анализата, Зоран Јовановски посочува дека секоја организациска единица – факултет или институт – носи ист број поени, без разлика на бројот на гласачи, што според дел од академската јавност создава нерамнотежа во тежината на гласовите.
Целиот текст можете да го прочитате на ЛИНКОТ








