Хуманата димензија на судијата не може да ја замени алгоритам, оценува Мирјана Лазарова Трајковска, судијка на Врховниот суд

Вештачката интелигенција може значително да ја олесни работата на судиите, но не може да ја преземе нивната улога во делењето правда. Хуманоста, доследноста, принципиелноста и чувството за моментот во кој се носи одлуката се квалитети што не можат да се заменат со алгоритам, оценува Мирјана Лазарова Трајковска, судијка на Врховниот суд, во интервјуто за Економија и бизнис.

Таа посочува дека македонското правосудство сè уште нема целосна дигитализација на предметите и дека во голем дел од работата сè уште се користи хартиена документација, додека во други држави вештачката интелигенција веќе се применува за истражување судска практика, подготовка на записници, решенија и технички акти.

Сепак, таа предупредува дека вештачката интелигенција не треба да се прифаќа како „црна кутија“ што ќе дели правда.

„Мислам дека хуманата димензија на судијата не може да ја замени алгоритам и во тој дел и во иднина ќе требаат судии“, вели Лазарова Трајковска.


Целото интервју можете да го прочитате на ЛИНКОТ

Повеќе од истиот автор

Најчитано