Праведноста не се мери само преку содржината на судската одлука, туку и преку времето во кое таа е донесена. Судијата мора да ги анализира фактите, да постапува еднакво во еднакви ситуации и да има чувство за правдата, оценува судијката на Врховниот суд Мирјана Лазарова Трајковска.
„Правото ви е алатката, праведноста ви е компасот кога ги носите пресудите и одлуките и кога пристапувате кон работата“, вели Лазарова Трајковска, во интервјуто за Економија и бизнис.
Таа нагласува дека професионалноста и правилната примена на законот не се доволни без хуманост, етичност, храброст и внимателност при одлучувањето. Според неа, ефикасноста е составен дел на праведноста, бидејќи и најдобрата одлука ја губи својата вредност доколку не биде донесена навреме.
„Залудно е носење и на најдобра одлука ако таа е надвор од времето кога требало да биде донесена. Забавена правда е еднаква на неправда“, истакнува таа.
Целото интервју можете да го прочитате на ЛИНКОТ








