Лазарова Трајковска: 35 години сите политички гарнитури сакаа да имаат влијание врз правосудството

Мирјана Лазарова Трајковска, судијка на Врховниот суд, оценува дека политичкото влијание врз правосудството е присутно уште од осамостојувањето на државата, но и дека судството не покажало доволно сила да се спротивстави на таквите притисоци.

„Ако се навратите децении наназад, откако сме самостојна и независна држава, сите гарнитури и политичари сакале да имаат влијание врз правосудството, а тоа пак самото никогаш не покажа доблест, цврстина, силина да се спротивстави на таквите напори или влијанија од другата страна“, вели Лазарова Трајковска, во интервјуто за Економија и бизнис.

Според неа, Судскиот совет требало да биде заштитник на независноста на судството, а не тело што ќе ги спроведува насоките на политиката. Таа посочува дека и јавните настапи на политичарите, преку кои го критикуваат или го фалат судството, не придонесуваат за решавање на проблемите.

„Многу подобро е да постои дијалог меѓу извршната, законодавната и судската власт. Таков дијалог не сме имале во последните три децении“, истакнува таа.


Целото интервју можете да го прочитате на ЛИНКОТ

Повеќе од истиот автор

Најчитано