ИЗМЕНИТЕ НА ДВАТА ПЕНЗИСКИ ЗАКОНА ПРОДОЛЖУВААТ ВО СОБРАНИСКА ПРОЦЕДУРА

Собраниската Комисија за социјална политика, демографија и млади на денешната седница ги разгледа и ги проследи на натамошна постапка во Собранието предлог-законите за изменување и дополнување на Законот за задолжително капитално финансирано пензиско осигурување и на Законот за доброволно капитално финансирано пензиско осигурување, двата во второ читање.

Во однос на предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за задолжително капитално финансирано пензиско осигурување, пратеникот Сали Мурати, од Европскиот фронт, кој предложи 11 амандмани, истакна дека нормите не се прецизни, јасни и функционални. Тој посочи дека ја поддржува реформата, бидејќи, како што рече, од ден на ден се зацврстува вториот столб со предложемоте измени и дополнувања. Но, подвлече, не можел да прифати државата да ги задолжува граѓаните да плаќаат придонеси, а истовремено им забранувала сигурно портфолио. Комисијата прифати само еден од предложените амандмани, кој е од техничка природа.

Членовите на Комисијата не усвоија ниту еден од 10-те предложени амандмани на пратеникот Мурати за предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за доброволно капитално финансирано пензиско осигурување.


Извор МИА

Фото Економија и бизнис

Повеќе од истиот автор

Најчитано