Враќањето на климатскиот феномен Ел Нињо носи екстремно високи температури низ целиот свет, а неговите ефекти веќе се чувствуваат. Тоа е феномен поврзан со необично затоплување на морската површина во централниот и источниот дел од тропскиот Тихи Океан. Тоа затоплување ги менува ветровите и моделите на врнежи и може да влијае на времето во поголемиот дел од светот.
Покрај екстремната топлина, некои региони очекуваат огромни количини на врнежи поради Ел Нињо, додека други се загрозени од сериозни суши. Таквото време директно влијае на земјоделското производство, од американскиот Среден Запад до оризовите полиња во Југоисточна Азија, што има сериозни последици за светската економија.
Условите донесени од Ел Нињо веројатно ќе ја зголемат инфлацијата во земјите во развој бидејќи ги нарушуваат нормалните модели на врнежи. Во Азија, на пример, се очекува значително помалку дожд од просекот, што би можело да создаде големи проблеми во земји како Индија и Виетнам.
Индиската метеоролошка служба предвидува најсушен период во повеќе од десет години, што ја загрозува овогодишната жетва на ориз. Пониските приноси ќе ја намалат понудата на пазарот, а тоа значи повисоки цени на храната за милиони луѓе.
Поради зголемувањето на цените, централните банки би можеле да бидат принудени да ги одржуваат каматните стапки високи.
„Очекуваме каматните стапки да се зголемат во втората половина од годината, особено во земјите од Јужна Азија кои се најизложени на влијанието на Ел Нињо, како што се Индија, Индонезија, Виетнам и Тајланд. Поради Ел Нињо, инфлацијата само ќе стане потврдоглава“, изјавија економски експерти.
Слично сценарио е можно низ цела Африка. Земјоделските сектори во земји како Кенија се исклучително чувствителни на временските промени, поради што и таму се закануваат економски тешкотии, пренесува Индекс.хр.
Фото Економија и бизнис








