ЕБОР и ФЧТ поддржуваат развоен и зелен проект на семејна компанија во Пелагонија

ЗАГ Империјал е градежнo друштво од Прилеп, коeшто неодамна инвестираше во опрема за преработка на мермер и природен камен, поддржана од ЕБОР и ФЧТ како дел од ЦИФ, а во рамки на Програмата Green & Growth. За новата инвестиција на оваа семејна компанија и нејзината бизнис траекторија разговаравме со со-сопственикот и директор, Г. Алберто Георгиевски.

Г. Георгиевски, имплементацијата на деловната стратегија за диверзфикација на ЗАГ Империјал се совпадна со програмата Green & Growth развиена од Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) и Фондот за чиста технологија (ФЧТ) во рамки на ЦИФ. Програмата има за цел да поддржи зелени и капитални инвестиции на локални микро, мали и средни претпријатија и корпорации во Пелагонија и Југозападниот регион, во пресрет на заложбите на земјата во процесот на декарбонизација. Зелените инвестиции, или „зелениот прозорец“, вклучуваат обновливи извори на енергија и енергетска ефикасност, како и капитални инвестиции, додека „прозорецот за раст“ опфаќа инвестиции во нови бизниси или проширување на постоечките бизниси со цел поддршка на регионалниот деловен раст. Дали би можеле подетално да го објасните вашиот неодамнешен инвестициски проект и неговите составни елементи поврзани со оваа таксономија?

Г. Георгиевски: Нашата најнова инвестиција е насочена кон проширување на дејноста преку модерни производствени капацитети за обработка на природен камен, со воведување најсовремена опрема и технологии. Се работи за развоен проект. Конкретно, проектот опфаќа набавка и пуштање во употреба на три машини за обработка и обликување на мермер и природен камен, со што се формираше комплетна производствена целина. Инвестицијата изнесува над 230.000,00 евра а кредитот од Партнерската финансиска институција на програмата Green & Growth, НЛБ Банка, изнесува 190.000,00 евра.

Со оваа инвестиција посветивме посебно внимание на енергетската ефикасност и на намалувањето на влијанието на работењето на нашата компанија врз животната средина. А програмата Green & Growth на ЕБОР и ФЧТ ни овозможи фокус во реализацијата на овие цели. Резултатите од нашата инвестициска акција ги мерат заштедите на електрична енергија, на ниво од 12,11 MWh годишно и избегнатите емисии на стакленички гасови од 16,26 тони CO2 годишно. Ова е „зелената“ компонента, или попрецизно – дел од проектот за инвестиции во раст и капитални расходи, задоволува критериуми на ЕБОР рамката и иницијативата за транзиција кон зелена економија.

Инвестицијата во Green & Growth, дополнително, е комбинирана со техничка поддршка и 15% грант, финансирани од Фондот за чиста технологија во рамки на ЦИФ, а кој се исплаќа по успешната верификација на инвестицискиот проект. Оваа поддршка за нашето друштво е од големо значење за поттик на понатамошниот раст и јакнењето на конкурентноста, на домашмниот и меѓународниот пазар.

ЗАГ Империјал е брзо растечка компанија со релативно кусо време на работење. Таа се надоврзува на деловното наследство од матичната компанија, Мермер Империјал. Може ли накратко да нè запознаете со деловниот екосистем на ЗАГ Империјал?

Г. Георгиевски: ЗАГ Империјал е компанија со релативно куса историја во работењето од половина декада, и опсежно деловно искуство и деловно наследство од компанијата мајка, Мермер Империјал. Оваа семејна компанија, во сопственост и развиена од двајца браќа од Прилеп, работи во преработка на мермер од 2010 година. Тоа е искуството што ни овозможува да изградиме стабилна основа врз која продолжувме да ја развиваме ЗАГ Империјал.

Со нашите друштва учествуваме во деловниот екосистем и го набљудуваме како меѓусебно поврзана мрежа од луѓе, производство, добавувачи, клиенти, партнери и локалната заедница. Од особено значење се современата технологија, квалитетот на човечкиот капитал и континуираните вложувања во двете сфери – унапредување на технологијата, како и усовршување и преквалификација на кадарот, со цел создавање работна сила подготвена за иднината. Поддршката овозможена од ЕБОР и ФЧТ, во вој контекст, се драгоцени.

Истовремено, се стремиме кон долгорочно партнерство со локалната заедница и имаме за цел да бидеме нејзин силен дел и да создаваме услови за нејзиниот развој и благосостојба. Веруваме дека успешното друштво не треба да работи изолирано, туку да биде активен дел од поширокото деловно опкружување.

Во врска со инвестицијата преку Програмата Green & Growth Project — чијашто клучна цел е декарбонизација и праведна енергетска транзиција на Пелагонија и Југозападмкиот Регион — кои се вашите проекции за инвестициите во рамките на Програмата? Која е вашата визија за ЗАГ Империјал во бизнис окружувањето на Пелагонискиот Регион?

Г. Георгиевски: Гледаме извонреден потенцијал за економски развој во Пелагонискиот Регион, особено преку поефикасно користење на природните ресурси, воведување чисти технологии и развој на зелената економија. Доказ за тоа е севкупната посветеност на нашите семејства кон бизнисот; моите четири сина имаат задачи во конкретни деловни области – продажба, правен дел, производство и управување со луѓе.
Наша визија е ЗАГ Империјал да прерасне во модерна, технолошки напредна и компанија одговорна кон животната средина, препознатлива по квалитетот на своите производи и услуги. Преку инвестиции во зелена технологија тежнееме да дадеме придонес во процесите на декарбонизација и поодржлива економија на регионот. Во тој поглед, поддршка како Green & Growth е неопходна и драгоцена, за што сме свесни и искрено благодариме.

Денес, на пример, кога не посетувате, работиме на финализација на нарачка од Бирмингем во Велика Британија. На подолг рок, нашата визија е постојано да ја јакнеме конкурентноста и воспоставиме нови меѓународни партнерства. Веруваме дека спојот на инвестиции, напорна работа, зелени иновации, искуство и одговорност кон животната средина претставува вистинска насока кон одржлив раст.

Благодариме на разговорот. Ви пожелуваме континуиран и одржлив раст и идни успешни инвестициски проекти.


Економија и бизнис, 15 септември 2026
ПР текст

Повеќе од истиот автор

Најчитано