Цените на енергијата на европските и светските пазари продолжуваат да растат, а цената на суровата нафта од типот Брент ја надмина границата од 106,04 долари за барел, додека европскиот природен гас повторно се приближи до нивото од 80,51 евра за мегават-час.
Цената на американската нафта WTI (West Texas Intermediate) моментално е во опсег од 101,09 долари за барел за фјучерсни договори.
Цената на дизелот во САД за првпат во историјата се искачи над шест долари за галон, зголемувајќи го ризикот од нов инфлаторен притисок врз американската економија.
Националниот просек достигна 6,0556 долари за галон, додека во Калифорнија цената се приближува до осум долари.
Според актуелниот курс на Народна банка на Македонија еден долар се разменува за 53 денари. Така, еден литар дизел во САД (еден галон има 3,78 литри) се продава за 84 денари. Со одлука на Регулаторната комисија за енергетика од 7 септември малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се зголемува за 6,00 ден/лит, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 31.08.2026 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 101,00 ден/лит.
Фото Економија и бизнис








