ДЕНЕС МЕХРАН ВО ИРАН Е НАЈЖЕШКОТО МЕСТО ВО СВЕТОТ, во Европа најтопло е во градови во Турција и БиХ

Во Европа денес највисока температура е измерена во Адијаман и Батман во Турција, 43 степени, потоа во Урфа, 42,7 степени, Анталија, 42,3 степени, објави Огимет, интернет страница која собира метеоролошки податоци од целиот свет.

Кога станува збор за Европа, според просечните температури во последните 24 часа, Мостар во Босна и Херцеговина, со 41,6 степени.

Најстудено во Европа денес е во Норвешка, -0,6 степени и во Исланд -0,2 степени, а најмногу дожд денес наврна во Шведска, Холандија, Германија и Финска.

Најжешкото место во светот денес е Мехран во Иран, каде што се измерени 50 степени Целзиусови.

На Антарктикот моментално е зима, а на станицата „Восток“ се измерени -74,8 степени.

Најниската просечна температура е измерена на Јужниот пол, -79,9 степени, а најсилниот ветер моментално дува таму со брзина од 142,4 километри на час.

Според податоците на Огимет, најмногу дожд во светот во последните 24 часа наврнало во Тајланд, Индија, Соломоновите Острови и Виетнам, пренесува Еуроњуз Србија.


Фото Економија и бизнис

Повеќе од истиот автор

Најчитано