Цената на суровата нафта од Северното Море од типот Брент падна за повеќе од осум проценти на помалку од 95 долари за барел, достигнувајќи го најниското ниво за два месеци.
Цената на американската сурова нафта WTI падна за повеќе од осум проценти, на помалку од 88 долари за барел, што е најниското ниво во последниот месец, објави „Трејдинг економикс“.
Цените беа под влијание на очекувањата дека може да има смирување на конфликтот меѓу Соединетите Американски Држави, Израел и Иран, по изборниот пораз на Републиканската партија на среднорочните избори во САД.
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека Вашингтон засега не планира нови воени напади, но нагласи дека САД се подготвени да реагираат доколку е потребно.
Фото Економија и бизнис








