Економскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје денеска ќе организира традиционално одбележување на доделувањето на Нобеловата награда за економија, која годинава им припадна на американските економисти Роберт Е. Хол од Универзитетот Стенфорд и Мајкл Вудфорд од Универзитетот Колумбија.
Наградата им е доделена за нивниот придонес кон микроекономските основи на макроекономската стабилизација.
Предвидени се е поздравни обраќања на раководителот на Катедрата за економија, Пеце Недановски, и деканот на факултетот, Мијалче Санта.
За научниот придонес на годинешните добитници на Нобеловата награда ќе говорат професорката Даниела Бојаџиева, која ќе се осврне на творештвото на Роберт Е. Хол, и академик Таки Фити, кој ќе зборува за значењето и придонесот на Мајкл Вудфорд во современата економска мисла.
Фото Економија и бизнис








