РУСКАТА НАФТЕНА ИНФРАСТРУКТУРА КАКО ВОЕНА ЦЕЛ – НАПАДНАТА НАЈГОЛЕМАТА РАФИНЕРИЈА ВО ЈУЖНА РУСИЈА, граѓаните чекаат со часови пред бензиските пумпи

Украинските сили продолжија со интензивните напади врз руската нафтена инфраструктура во текот на ноќта, таргетирајќи цели во повеќе региони, објавија руските канали на Телеграм. Наводно, украинската армија ја нападнала рафинеријата за нафта Илиски на југот на Русија. Фотографиите и видеата објавени на социјалните мрежи од локалните жители покажуваат големи пламени што се издигаат од рафинеријата. […]

НАЈМАЛКУ 12 ЛИЦА ЗАГИНАА ВО ШУМСКИ ПОЖАР ПО ПАД НА ДАЛНОВОД ПРЕДИЗВИКАН ОД ТОПЛОТЕН БРАН ВО ШПАНИЈА

Нaјмалку 12 лица загинаа во шумски пожар во близина на Лос Гаљардос во југоисточниот шпански регион Алмерија, потврди регионалната влада на Андалузија. Шест други лица се повредени. Пожарот избувнал во средината на долготрајниот топлотен бран што ја зафати јужна Европа, јавува Би-Би-Си. Некои од жртвите биле пронајдени во возила зафатени од пламен. Сведоците рекле дека […]

ГЕРМАНЦИТЕ СЕ ПЛАШАТ ЗА СВОЈАТА ФИНАНСИСКА ИДНИНА И СЕ ОДЛУЧУВААТ ЗА ШТЕДЕЊЕ, ММФ ја намали прогнозата за економскиот раст на Германија  

Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) во среда ја намали својата прогноза за економски раст во Германија оваа година. Се очекува бруто домашниот производ (БДП) на Германија да порасне само за 0,7% во 2026 година, што е намалување од 0,1 процентен поен во однос на последната квартална прогноза на  ММФ. Германската економија силно е погодена од вртоглавиот […]

ЗАРАДИ ЗАШТИТА НА ЕВРОПСКИТЕ КОМПАНИИ ЕК ПОДГОТВУВА РЕФОРМА ВО ДОДЕЛУВАЊЕТО НА ЈАВНИТЕ НАБАВКИ, најниската цена нема да биде главен услов при изборот на најповолна понуда

Европската комисија подготвува реформа на правилата за јавни набавки која има за цел да ги насочи повеќето работни места кон компании од Европската Унија, да ја зајакне домашната индустрија и да ја намали зависноста од странски добавувачи. Според нацрт-документот, договорните органи би можеле да одбијат понуди за големи јавни договори ако помалку од 50 проценти […]

БЕРЗАНСКИ „ИГРИ“ СО ЦЕНАТА НА НАФТАТА, попладне нафтата се тргува по пониска цена од претходниот ден

Цените на нафтата паднаа под 77 долари на меѓународните пазари во четврток, бидејќи најновата рунда непријателства меѓу САД и Иран се стави во втор план поради пресметките зa Ормускaта Теснина. Барел нафта во Лондон се тргуваше за 1,08 долари пониско попладне од вчерашното затворање од 76,94 долари. Во САД, цената на барел нафта падна за […]

ИТ ПРОБЛЕМИ ГО ОДЛОЖУВААТ ETIAS СИСТЕМОТ ЗА  ВЛЕЗ ВО ЕУ ЗА СЛЕДНАТА ГОДИНА?

Воведувањето на новиот европски систем за електронско одобрение за патување ETIAS, кој ќе биде задолжителен за граѓаните на земјите на кои не им е потребна виза за влез во Шенген зоната, ќе биде одложено до следната година поради технички проблеми и бавно воведување на новиот систем за влез и излез од ЕУ (EES). Проблемите со […]

ПО ВОВЕДУВАЊЕТО НА ЕВРОТО БУГАРИЈА НАПРАВИ ГОЛЕМ ИСЧЕКОР НА ПАЗАРОТ НА КАПИТАЛ

Министерството за финансии на Бугарија објави дека земјата успешно издаде обврзници со вкупна номинална вредност од 2,5 милијарди евра на меѓународниот пазар на капитал. Ова е воедно прво задолжување на Софија на странски пазар по официјалното пристапување кон Еврозоната, пренесува БТА. Државата го зголеми обемот на обврзници што доспеваат во 2032 и 2038 година за […]

Прв македонски филм номиниран за Emmy Awards – „Приказната за Силјан“ со две номинации

Документарниот филм „Приказната за Силјан“ на Тамара Котевска испиша нова страница во историјата на македонската кинематографија, со две номинации за 78. Emmy Awards, најпрестижните награди во светската телевизиска индустрија. Ова е првпат македонски филм да биде номиниран за Emmy Awards, со што успехот на „Силјан“ добива историско значење не само за Македонија, туку и за […]

Шестмина вработени во фабрика во ТИРЗ-Штип се затруеле од храна

Центарот за јавно здравје-Штип вчера добило пријава за труење од храна за шест лица, кои се вработени во фабрика во Технолошко индустриската развојна зона (ТИРЗ)-Штип. Во писменото соопштение се наведува дека по пристигнување на пријавите, одделението по епидемиологија во Центарот за јавно здравје-Штип веднаш постапило согласно националниот протокол во случај на појава на алиментарни инфекции […]

Авионско прскање против комарци утре во Скопје

Авионска дезинсекција против ларви од комарци ќе се изврши утре (10 јули) рано наутро на подрачјето на Скопје. Како што соопшти Град Скопје, доколку временските услови не дозволуваат дезинсекција, ќе се прска првиот нареден ден кога ќе бидат поволни временските услови, во истиот термин. Град Скопје ги известува пчеларите навреме да ги преземат потребните мерки […]