Украинските сили продолжија со интензивните напади врз руската нафтена инфраструктура во текот на ноќта, таргетирајќи цели во повеќе региони, објавија руските канали на Телеграм. Наводно, украинската армија ја нападнала рафинеријата за нафта Илиски на југот на Русија. Фотографиите и видеата објавени на социјалните мрежи од локалните жители покажуваат големи пламени што се издигаат од рафинеријата.
Рафинеријата се наоѓа на приближно 500 километри од територијата под украинска контрола, во регионот Краснодар, и е една од најголемите на југот на Русија, со годишно производство од речиси 6,6 милиони тони гориво. Според извештаите, ова е барем 17-ти украински напад врз рафинеријата. Пламените јазици, исто така, зафатија магацин за нафта во блискиот град Азов во Ростовската област. Обемот на штетата во моментов е непознат. Украинската армија сè уште не даде официјална изјава за нападите. Киев ги смета енергетските објекти за легитимни воени цели бидејќи тие обезбедуваат гориво и финансиски ресурси за руската воена машинерија.
Во последните месеци, Украина спроведува сè поуспешна кампања на длабински напади врз руската нафтена инфраструктура, таргетирајќи ги магацините за нафта, прекинувајќи го производството во големите капацитети и, во некои случаи, привремено или долгорочно запирајќи ја нивната работа. Ноќните напади врз магацините за нафта на 9 јули предизвикаа долготраен пожар во градот Твер, додека во Ставрополската област беше прогласена локална вонредна состојба.
Во Русија се чуствува недостиг на горива, а граѓаните се принудени да чекаат со часови пред бензиските пумпи да наточат гориво, што предизвикува големо незадоволство и бројни инциденти меѓу луѓето.
Фото Економија и бизнис








