ИТ ПРОБЛЕМИ ГО ОДЛОЖУВААТ ETIAS СИСТЕМОТ ЗА  ВЛЕЗ ВО ЕУ ЗА СЛЕДНАТА ГОДИНА?

Воведувањето на новиот европски систем за електронско одобрение за патување ETIAS, кој ќе биде задолжителен за граѓаните на земјите на кои не им е потребна виза за влез во Шенген зоната, ќе биде одложено до следната година поради технички проблеми и бавно воведување на новиот систем за влез и излез од ЕУ (EES).

Проблемите со системот EES предизвикаа подолги чекања на одредени аеродроми и гранични премини, а авиоиндустријата предупреди дека тоа може да доведе до големи толпи за време на летната туристичка сезона.

Агенцијата задолжена за имплементација на системот ETIAS, призна дека планираното лансирање на системот до крајот на оваа година повеќе не е изводливо, според три извори запознаени со дискусиите.

Портпаролот на агенцијата потврди дека на 17 јуни управниот одбор разговарал за „почетокот на работата“ на системот ETIAS, но додаде дека оттогаш немало нови одлуки во врска со ова прашање.

Европската комисија е одговорна за одредување на датумот на почеток на системот, но може да го стори тоа само откако агенцијата EU-Lisa успешно ќе го заврши тестирањето на ETIAS.

Еден извор запознаен со дискусиите рече дека сè уште има некои ИТ проблеми со системот ETIAS, пренесува Еуроњуз Србија.


Фото Економија и бизнис

Повеќе од истиот автор

Најчитано