ГЕРМАНЦИТЕ СЕ ПЛАШАТ ЗА СВОЈАТА ФИНАНСИСКА ИДНИНА И СЕ ОДЛУЧУВААТ ЗА ШТЕДЕЊЕ, ММФ ја намали прогнозата за економскиот раст на Германија  

Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) во среда ја намали својата прогноза за економски раст во Германија оваа година. Се очекува бруто домашниот производ (БДП) на Германија да порасне само за 0,7% во 2026 година, што е намалување од 0,1 процентен поен во однос на последната квартална прогноза на  ММФ.

Германската економија силно е погодена од вртоглавиот раст на цените на енергијата поради војната меѓу САД и Израел во Иран и блокадата на Ормуската Теснина.

Во 2027 година ММФ очекува германскиот БДП да се зголеми за 1%, во споредба со 1,2% во последната прогноза.

ММФ ја намали својата прогноза за глобалниот раст оваа година на 3%, што е намалување за 0,1 процентен поен, но прогнозира дека растот на БДП ќе достигне 3,4% во 2027 година, што е зголемување за 0,2 процентни поени во споредба со претходната прогноза.

Континуираната серија кризи и бранови на инфлација ставија многумина Германци под финансиски притисок. Поголемиот дел од испитаниците во голема анкета планираат да ги ограничат своите трошоци.

Германците (околу од 79 проценти) се загрижени за својата финансиска иднина. Околу 28 проценти очекуваат нивната финансиска состојба да се влоши во следните 12 месеци.

Понатаму, 38 проценти сметаат дека ќе имаат помалку пари на располагање на крајот од месецот, 18 проценти дека нема да можат да ги платат сите сметки на време и седум проценти дека нема да можат да ја платат киријата или ратата за хипотека.

Мнозинство од 51 процент од анкетираните Германци планираат да ја решат финансиската неизвесност со штедење. Меѓу нив, 32 проценти планираат умерено да ја намалат потрошувачката, а 19 проценти значително.

Кога станува збор за секојдневно трошење, една четвртина од нив бараат попусти и промоции, а 15 проценти изјавиле дека веќе морале да посегнат по заштедените пари за да ги покријат тековните потреби.


Фото Економија и бизнис

Повеќе од истиот автор

Најчитано