ФЕНОМЕНОТ „СУПЕР ЕЛ НИЊО“ ЌЕ ПРЕДИЗВИКА ВИСОК РАСТ НА ЦЕНИТЕ НА ХРАНАТА, ПРЕДУПРЕДУВААТ ЕКОНОМИСТИТЕ

Додека војната во Иран ги турка глобалните цени на храната на највисоко ниво во последните три години, синџирите на снабдување страдаат од последиците предизвикани од екстремните временски услови. Економските експерти предупредија дека овогодинешниот глобален атмосферско-океански феномен супер-Ел Нињо би можел да предизвика сериозен шок врз глобалните цени на храната што би можел да трае до […]
СИЛЕН НЕДЕЛЕН РАСТ НА ЦЕНАТА НА НАФТАТА НА СВЕТСКИТЕ ПАЗАРИ, КАКВА ОДЛУКА ЗА ЦЕНИТЕ ВО МАКЕДОНИЈА ЌЕ ДОНЕСЕ РЕГУЛАТОРНАТА КОМИСИЈА ЗА ЕНЕРГЕТИКА?

Цените на нафтата на светските берзи паднаа денеска, но останаа на добар пат за значителен неделен раст, бидејќи обновените тензии меѓу САД и Иран ги зголемија ризиците од потенцијални прекини во снабдувањето. Суровата нафта Брент чинеше околу 75,5 долари за барел, а американската сурова нафта WTI чинеше околу 71,2 долари, објави „Трејдинг економикс“. Пазарот внимателно […]
ГАЛИЧКАТА СВАДБА СЕ ОДРЖУВА НА ПЕТРОВДЕН

Во Галичник денеска на Петровден се одржува традиционалната културна манифестација Галичка свадба 2026. И годинава се очекува Галичката свадба да ја проследат бројни посетители од земјава и странство и да посведочат на единственото доживување што го нуди оваа вековна традиција, исполнета со свадбарски обичаи, автентични носии, изворни песни и ора кои претставуваат живо сведоштво за […]
Со гала-концерт на албанска сопранистка почнува 66. Охридско лето

Со гала-концертот „Љубов“, на кој ќе настапат светски познатата албанска сопранистка Ермонела Јахо и американскиот тенор Чарлс Кастроново, вечер во 21 часот на сцената на Античкиот театар ќе биде отворено 66. издание на фестивалот Охридско лето. Концертот ќе биде под диригентската палка на Италијанецот Марко Боеми, во придружба на Национална опера и балет. Директорот на […]
АЛБАНИЈА АКО СТАНЕ ЧЛЕНКА НА ЕУ НЕМА ДА СТАВИ ВЕТО НА МАКЕДОНИЈА, ИЗЈАВИЛ РАМА, одговарајќи на прашањето на студент од Скопје

Албанија и ако стане членка на Европската Унија нема да го користи правото на вето против Македонија во процесот на европска интеграција, изјавил албанскиот премиер Еди Рама пред учесниците на кампот „RinCamp 2026“ во туристичкото место Јал, на кој има и млади од Македонија. Одговарајќи на прашањето на студент од Скопје, дали Албанија ќе стави […]
ЕВРОПА СЕ ЗАГРЕВА, две земји трошат најмногу за разладување

Нов силен топлотен бран ја зафати Западна Европа, а Франција и Холандија воведоа посебни мерки поради екстремно високите температури, кои во делови од регионот за време на викендот ќе достигнат и до 40 степени Целзиусови. Најкритична е состојбата во Франција, каде националната метеоролошка служба прогласи црвено ниво на тревога во 24 департмани, меѓу кои и […]
АДМИНИСТРАЦИЈАТА НА ТРАМП ПОЧНУВА ПРОГРАМА ЗА ШТЕДЕЊЕ ЗА НОВОРОДЕНИТЕ ДЕЦА, бебињата родени помеѓу 2025 и 2028 година автоматски имаат право на почетен владин придонес од 1.000 долари

Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп започна нова програма за штедење, која е дизајнирана да ги охрабри инвестициите кај американските деца. Неделава почнувањето на програмата беше обележано со симболично ѕвонче во Овалната соба на Белата куќа за да се означи почетокот на тргувањето на Волстрит. Сметките се достапни за сите деца во САД под 18 […]
ГЕРМАНИЈА ВОВЕДУВА РЕФОРМИ ВО ЗДРАВСТВОТО, поголемо учество во трошоците за лекови на рецепт, како и построги правила во врска со бесплатното осигурување за брачните другари

Бундестагот усвои контроверзен пакет мерки за штедење во здравството. Целта е да се ублажат растечките трошоци за јавно здравствено осигурување и да се спречи понатамошно зголемување на придонесите, објавува германската новинска агенција ДПА. Законскиот предлог на министерката за здравство, Нина Варкен, кој треба да стапи на сила во 2027 година, има за цел да ги […]
ВОЗДУХОПЛОВНАТА ВЛАСТ ГО ИСТРАЖУВА ИНЦИДЕНТОТ НА АВИОНСКИОТ ЛЕТ НАД МАКЕДОНИЈА, медиумите во Грција објавија дека бил повреден српски државјанин

Истрагата за инцидентот со авионот на „Рајанер“ од Солун кон Меминген, кој се случи вчера наутро над Македонија е во тек, изјави за МИА претседателот на Комитетот за истраги на воздухопловни несреќи и сериозни инциденти, Марјан Прпоски. Тој додаде дека се во постојана комуникација со Националниот одбор за безбедност во сообраќајот (НТСБ) и оти за […]
ИСТОРИСКИ ДОГОВОР МЕЃУ КАНАДА И САД за отворање на меѓународниот мост

Канада и САД постигнаа договор за отворање на Меѓународниот мост Горди Хау на 27 јули, потврди канадската влада во петокот. Мостот, кој ќе ги зајакне синџирите на снабдување во Северна Америка и ќе го подобри протокот на стоки, доби и поддршка од американската администрација, објавуваат странските медиуми. Како дел од договорот, Канада и САД се […]