ПОНЕДЕЛНИЧКИ СКОК НА ЦЕНИТЕ НА НАФТАТА

Цените на нафтата скокнаа рано утрово откако Иран ги прошири своите напади врз земјите од Персискиот Залив вчера по нападот на Соединетите Американски Држави, загрозувајќи ги снабдувањето со енергија преку Ормуската Теснина. Фјучерсите на суровата нафта Брент пораснаа за 2,67 долари, или 3,51%, на 78,68 долари, додека американската сурова нафта од Западен Тексас (WTI) беше […]
ВО ЈУНСКИОТ ТОПЛОТЕН БРАН ВО БРИТАНИЈА ОКОЛУ 440 СМРТНИ СЛУЧАИ ДНЕВНО, 100 луѓе се удавиле во Германија…

Според анализата на експерти од Империјал колеџ во Лондон, Британската метеоролошка служба и Лондонската школа за хигиена и тропска медицина, само за време на тридневниот врв на јунскиот топлотен бран, околу 440 луѓе умирале дневно од последиците на екстремно високите температури. Истражувачите проценуваат дека во текот на деветте најжешки денови во мај, регистрирани се околу […]
СО АЛБАНСКО-АМЕРИКАНСКИ ИЗВЕДУВАЧИ НА КОНЦЕРТОТ „ЉУБОВ“ ОТВОРЕН ФЕСТИВАЛОТ ОХРИДСКО ЛЕТО

Со гала-концертот „Љубов“, на кој ќе настапат светски познатата албанска сопранистка Ермонела Јахо и американскиот тенор Чарлс Кастроново, вчера на сцената на Античкиот театар беше отворено 66. издание на фестивалот Охридско лето. Концертот ќе биде под диригентската палка на Италијанецот Марко Боеми, во придружба на Национална опера и балет. Пред полнетиот аудиториум на Античкиот театар […]
МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ОБРАЗОВАНИЕ ЗАТВОРИ 18 ИНСТИТУТИ, меѓу нив и тетовски институт за мода и дизајн, за подземни води… објави министерката за образование и наука

Институт за бизнис економија во Скопје, Институт за геобиологија, археологија и подземни води во Скопје, Институт за мода и дизајн во Тетово се дел од 18-те затворени институти кај кои Министерството за образование и наука констатирало разни неправилности. Министерката за образование и наука Весна Јаневска вечерва во централниот дневник на Сител телевизија рече дека проверките […]
ЦЕНИТЕ НА СТАНОВИТЕ ВО РЕГИОНОТ ДОСТИГНАА РЕКОРДИ, еден град е далеку пред другите главни градови

Купувањето стан во Белград или Загреб е голем финансиски предизвик за многу граѓани денес, но купувањето на стан во градовите од регионот претставува и начин на „штедење“ и заштита на капиталот. Становите сè повеќе се купуваат не само за да се реши станбеното прашање, туку и како форма на инвестиција. Многу инвеститори ги гледаат недвижностите […]
ЦЕНИТЕ НА СТАНОВИТЕ И КИРИИТЕ ВО ЕУ РАСТАТ ПОБРЗО ОД ИНФЛАЦИЈАТА, највисока двоцифрена стапка на раст има во Португалија

Најновите податоци покажуваат дека цените и кириите на недвижностите во земјите од Европската Унија продолжија силно да растат на почетокот на 2026 година, при што некои држави пораснаа за 10 процентни поени побрзо од инфлацијата. Цените и кириите на недвижностите продолжија да растат во речиси сите земји од Европската Унија на почетокот на 2026 година. […]
ВО КОЈА ЗЕМЈА ЖИВЕАТ НАЈМНОГУ ПАТРИОТИ? – концептот на патриотизам добива нови значења и одговорот на тоа прашање многу зависи од земјата во која живеете, покажува најновото истражување

Што значи да се биде патриот денес? Одговорот на тоа прашање многу зависи од земјата во која живеете, според ново меѓународно истражување спроведено од Политико и истражувачката фирма Public First со седиште во Лондон. Истражувањата покажуваат дека патриотизмот не изгледа исто во САД, Канада и Европа. Повеќето граѓани во Соединетите Американски Држави, Канада, Велика Британија, […]
ГАЛИЧКАТА СВАДБА Е СИМБОЛ НА МАКЕДОНСКИОТ КУЛТУРЕН ИДЕНТИТЕТ, објави претседателката Гордана Сиљановска Давкова

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова која денеска присустуваше на традиционалната манифестација „Галичка свадба“ нагласи дека овој настан од година в година привлекува се повеќе домашни и странски туристи и останува еден од најпрепознатливите симболи на македонскиот културен идентитет. -Денеска, на „Галичка свадба“, најмладите галичани ме пречекаа со домашна нафора и сол, а потем проследив дел од […]
Пороен дожд попладнево во Скопје, невремето се движи кон Кавадарци, Неготино, Свети Николе и Велес

Скопје попладнево беше зафатено од невреме со пороен дожд, засилен ветер и грмежи. Управата за хидрометеоролошки работи информира дека врнежи има во северозападните и централните делови од државата. Според информациите на УХМР, невремето се движи кон Кавадарци, Неготино, Свети Николе и Велес, објави МИА. Фото Економија и бизнис
МЛАДИТЕ ВО МАЛТА ПОСЕДУВААТ НАЈГОЛЕМО БОГАТСВО ОД НИВНИТЕ ВРСНИЦИ ВО ЕВРОПА, младите луѓе во Германија имаат најниски нето-средства меѓу големите економии

Средното нето богатство на младите луѓе на возраст од 16 до 34 години во еврозоната е 24.600 евра. Тоа е само 18 проценти од вкупното средно нето богатство на сите возрасни групи, кое изнесува 140.100 евра, според Анкетата за финансии и потрошувачка на домаќинствата (HFCS) на Европската централна банка, објавена во средината на 2026 година […]