Купувањето стан во Белград или Загреб е голем финансиски предизвик за многу граѓани денес, но купувањето на стан во градовите од регионот претставува и начин на „штедење“ и заштита на капиталот.
Становите сè повеќе се купуваат не само за да се реши станбеното прашање, туку и како форма на инвестиција. Многу инвеститори ги гледаат недвижностите како побезбеден начин за зачувување на вредноста на парите во периоди на економска неизвесност и инфлација.
Кога се споредуваат главните градови на поранешна Југославија, Љубљана моментално има највисоки цени на станови. Кај новите згради, квадратен метар често се продава по цена помеѓу 4.000 и 5.500 евра.
Загреб се наоѓа веднаш зад словенечката престолнина, со цени кои обично се движат од околу 3.000 до 4.500 евра за квадратен метар.
Во Белград, просечните цени на новите станови се приближно помеѓу 2.700 и 3.500 евра за квадратен метар, додека најатрактивните локации бележат значително повисоки износи. На места како Белград на вода, Дорќол и Врачар, цената по квадратен метар може да надмине 5.000 евра.
Во Сараево, становите генерално се продаваат по цени од околу 2.300 до 3.000 евра за квадратен метар, додека во Подгорица, цените обично се помеѓу 1.900 и 2.700 евра.
Во Скопје цените на становите се движат од 1.700 до 2.500 евра за квадратен метар, објави Телеграф.
Фото Економија и бизнис








