ЕВРОПА СЕ ЗАГРЕВА, две земји трошат најмногу за разладување

Нов силен топлотен бран ја зафати Западна Европа, а Франција и Холандија воведоа посебни мерки поради екстремно високите температури, кои во делови од регионот за време на викендот ќе достигнат и до 40 степени Целзиусови.

Најкритична е состојбата во Франција, каде националната метеоролошка служба прогласи црвено ниво на тревога во 24 департмани, меѓу кои и целиот регион Ил-де-Франс, каде се наоѓа Париз.

Во Европската Унија, Италија е водечка во потрошувачката на енергија за разладување, со 26,3 илјади тераџули (TJ), по што следуваат Шпанија со 14,3 илјади TJ и Грција со 11,9 илјади TJ, според податоците на Евростат за 2024 година.

Вкупната потрошувачка на енергија за ладење во ЕУ се дуплираше во периодот од 2018 до 2024 година, од 40,5 илјади TJ на 80,4 илјади TJ.

Во тој период, потрошувачката растеше речиси секоја година, со исклучок на 2020 година, кога беше забележан пад од 2,5 проценти, и 2023 година, кога се намали за 1,9 проценти во споредба со претходната година.

Кога станува збор за уделот на енергија што се користи за ладење на домаќинствата, Кипар и Малта водат со 16 и 15 проценти од вкупната потрошувачка на енергија, соодветно. Следат Грција со 7,4 проценти, Шпанија со 2,5 проценти и Италија со 2,3 проценти, објавува Енергетика.ба.


Фото Економија и бизнис

Повеќе од истиот автор

Најчитано