ВО ЈУНИ ИЗДАДЕНИ ОДОБРЕНИЈА ЗА ИЗГРАДБА НА 754 СТАНОВИ

Во јуни годинава се издадени 296 одобренија за градење, што е за 39,0 % повеќе во однос на истиот месец од претходната година, соопшти Државниот завод за статистика. Според издадените одобренија за градење, предвидената вредност на објектите изнесува 6 363 610 илјади денари, што е за 31,0 % повеќе во однос на истиот месец лани. […]
НБС НЕ ЈА МЕНУВА КАМАТНАТА ПОЛИТИКА

Народната банка на Србија ја задржа референтната каматна стапка на ниво од 5,75 проценти, објави централната банка. Другите каматни стапки на депозити (4,5 проценти) и кредитни линии (седум проценти) исто така останаа непроменети. „При донесувањето на горенаведената одлука, Извршниот одбор пред сè го зеде предвид остварениот и очекуваниот тренд на инфлацијата во следниот период, како […]
ЕРУПЦИЈА НА ВУЛКАНОТ ЕТНА, облак од чад стигна до Малта и Северна Африка, аеродромот во Катанија е затворен до петок

Поради ерупцијата на вулканот Етна, аеродромот во Катанија ќе остане затворен до петок. Сите пристигнувања и заминувања од најголемиот аеродром на островот ќе бидат суспендирани до 2 часот наутро по локално време, објавува Република. Од 7 август, воздушниот сообраќај е нарушен, односно околу 700 летови се одложени, а повеќе од 100.000 патници се погодени. Летовите […]
ЗА МЕДИЦИНСКИ ФАКУЛТЕТ ПРЕДВИДЕНИ СЕ НАЈМНОГУ СТУДЕНТИ, НА УКИМ ИМА 8.800 МЕСТА ЗА БРУЦОШИ ВО ПРВИОТ УПИСЕН РОК

Во вторник и среда (18 и 19 август 2026) е првиот рок за пријавување кандидати за студии на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“-Скопје. На 23-те факултети на најстариот и најголем универзитет во државава се слободни вкупно 8851 место за идни студенти во академската 2026/2027, која ќе почне на 1 октомври. Според Конкурсот на УКИМ, од вкупниот број […]
НОВИ 45 СЛУЧАИ НА ВИРУСОТ ЗАПАДЕН НИЛ ВО ГРЦИЈА, од почетокот на летото починале девет лица

Во изминатата седмица во Грција биле регистрирани 45 нови случаи на вирусот Западен Нил, со што бројот на заразени од почетокот на летото се зголеми на 110, а регистрирани се и три нови смртни случаи, според податоците од неделниот извештај на Националната организација за јавно здравје (ЕОДИ), јави дописничката на МИА од Атина. Од ЕОДИ […]
ПРЕНЕСУВАЊЕ НА СЕЌАВАЊЕТО ЗА ЅИДОТ НА МЛАДИТЕ ГЕНЕРАЦИИ, Берлинскиот ѕид – 65 години од почетокот на изградбата

Берлин и неговата околина го одбележуваат почетокот на изградбата на Берлинскиот ѕид пред 65 години. Во пресрет на годишнината, градоначалникот на Берлин, Кај Вегнер, упати посебен апел да се одржи жива меморијата кај младите. По повод 65-годишнината од изградбата на Берлинскиот ѕид, градоначалникот на Берлин, Кај Вегнер (CDU), ги повика помладите генерации да се сеќаваат […]
АМЕРИКАНЦИТЕ ПОВЕЌЕ СЕ ЗАДОЛЖУВААТ НА КРЕДИТНИТЕ КАРТИЧКИ, бројот на домаќинства кои доцнат со отплатата расте

Долгот на кредитните картички на Американците достигна 1,26 трилиони долари во вториот квартал од годината, приближувајќи се до рекордните 1,28 трилиони долари поставени на крајот од минатата година, покажаа податоците од Федералните резерви на Њујорк. Официјалните податоци потврдуваат дека долгот на кредитните картички се зголемил за 21 милијарда долари во вториот квартал. Долгот се зголемил […]
ДВЕ ПОПУЛАРНИ ПЛАЖИ ВО ИЗОЛА ЗАТВОРЕНИ ПОРАДИ ПРИСУСТВО НА БАКТЕРИЈА ВО ВОДАТА

Две популарни плажи во Изола на словенечкиот брег беа затворени поради фекална контаминација откако рутинските анализи на водата открија присуство на екстремно високи нивоа на бактеријата Ешерихија коли, што е индикатор за фекално загадување, изјави денес експертот од Националниот институт за јавно здравје Бонија Миљавац. Таа изјави дека плажите „Светионик“ и „Делфин“ се затворени и […]
ЛОНДОНСКИОТ АЕРОДРОМ ЈА ИЗГУБИ ТИТУЛАТА НА НАЈПРОМЕТЕН ЕВРОПСКИ АЕРОДРОМ

Лондонскиот аеродром Хитроу ја изгуби својата позиција како најпрометен аеродром во Европа во јули, откако низ неговите терминали поминаа 7,86 милиони патници, додека аеродромот во Истанбул регистрираше 8,15 милиони. Бројот на патници на аеродромот Хитроу беше за 1,5 проценти помал отколку во јули минатата година, додека Истанбул забележа раст од 2,3 проценти, објавува Гардијан. Воздушниот […]
ДЕЛ ОД ЦЕНТАР ДЕНЕСКА БЕЗ ВОДА, прекини во снабдувањето со струја во Илинден и Сарај

Без вода денеска од 8:30 часот ќе останат корисниците на улицата „Мирослав Крлежа“ во Општина Центар поради поврзување на нова водоводна мрежа со пречник од 100 милиметри. Како што соопшти Регионалниот центар за управување со кризи (РЦУК) – Скопје, повикувајќи се на информација од ЈП „Водовод и канализација“, прекинот во водоснабдувањето ќе трае до завршување […]