ДВЕ ПОПУЛАРНИ ПЛАЖИ ВО ИЗОЛА ЗАТВОРЕНИ ПОРАДИ ПРИСУСТВО НА БАКТЕРИЈА ВО ВОДАТА

Две популарни плажи во Изола на словенечкиот брег беа затворени поради фекална контаминација откако рутинските анализи на водата открија присуство на екстремно високи нивоа на бактеријата Ешерихија коли, што е индикатор за фекално загадување, изјави денес експертот од Националниот институт за јавно здравје Бонија Миљавац.

Таа изјави дека плажите „Светионик“ и „Делфин“ се затворени и дека надлежните служби за јавно здравје советуваат да не се плива на тие места, додека општина Изола почна да ги предупредува пливачите за постоечкиот ризик, објави СТА.

„Резултатите од прелиминарните анализи покажаа дека нивото на бактерии е девет пати повисоко од дозволените гранични вредности“, рече Миљавац.

Таа изјави дека загадената вода обично содржи други патогени кои можат да предизвикаат заразни цревни заболувања, пренесува Еуроњуз Србија.

Кај луѓето, инфекцијата доведува до лошо варење, повраќање, дијареја, грчеви во стомакот, треска и дехидрација.


Фото Економија и бизнис

Повеќе од истиот автор

Најчитано