ДЕЛ ОД ЦЕНТАР ДЕНЕСКА БЕЗ ВОДА, прекини во снабдувањето со струја во Илинден и Сарај

Без вода денеска од 8:30 часот ќе останат корисниците на улицата „Мирослав Крлежа“ во Општина Центар поради поврзување на нова водоводна мрежа со пречник од 100 милиметри.

Како што соопшти Регионалниот центар за управување со кризи (РЦУК) – Скопје, повикувајќи се на информација од ЈП „Водовод и канализација“, прекинот во водоснабдувањето ќе трае до завршување на активностите.

Од РЦУК информираат и за планирани прекини во снабдувањето со електрична енергија.

Без струја од 6 до 13 часот ќе бидат корисниците во селото Мралино, бензинската пумпа „Дади компани“ во Мралино и делови од населбата Дрма во Општина Илинден.

Во периодот од 8:30 до 14 часот без електрична енергија ќе останат и корисниците во околината на Старата џамија и зад општинската зграда во Сарај.


Фото Економија и бизнис

Повеќе од истиот автор

Најчитано