ПОЛОШИ ПРОГНОЗИ ЗА СВЕТСКИОТ ПАЗАР НА НАФТА ВО ТРЕТИОТ КВАРТАЛ, недостигаат 1,8 милиони барели дневно, има и помали резерви

Меѓународната агенција за енергија (ИЕА) значително ја влоши прогнозата за светскиот пазар на нафта, предупредувајќи дека во третиот квартал од оваа година побарувачката би можела да биде за дури 1,8 милиони барели дневно повисока од расположивата понуда. Тоа е значително полоша проценка од онаа што агенцијата ја објави во јули, кога очекуваше дефицит од околу […]
ИНФЛАЦИЈАТА ВО САД ЗАБАВУВА, ВО ГЕРМАНИЈА ЗГОЛЕМЕНА НА 2,8 ОТСТО

Годишната инфлација во Соединетите Американски Држави се забави од 3,5 проценти во јуни на 3,4 проценти во јули, објави денес Бирото за статистика на трудот на САД. Брзо растечките цени на енергијата по истекот на програмата за олеснување на данокот на гориво ја зголемија стапката на инфлација во Германија на 2,8% во јули, потврди во […]
МЗ: НEМА РЕГИСТРИРАН ПАЦИЕНТ СО ЗАГАДЕНА ВОДА ВО СКОПЈЕ

Досега нема ниту еден регистриран, ниту хоспитализиран пациент, чија здравствена состојба се поврзува со консумирање загадена вода во Скопје, соопштија попладнево од Министерството за здравство. Во соопштението се нагласува дека оваа информација е потврдена и од директорот на Инфективната клиника, д-р Фадил Цана, како и од одговорни лица од Институтот за јавно здравје и Центарот […]
АХВ: ВОДАТА ВО СКОПЈЕ Е БЕЗБЕДНА, ГРАЃАНИТЕ НЕ ТРЕБА ДА СТРАВУВААТ

Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) најостро ги демантира информациите во јавноста дека водата од скопскиот водоснабдителен сиистем е небезбедна за пиење поради наводно присуство на бактерија Escherichia coli. -Како одговорна институција ја информираме јавноста дека АХВ до овој момент нема добиено известување од скопското Јавно комунално претпријатије за незадоволителен резултат од лабораториско тестирање на […]
ВОНРЕДНА ДЕЗИНСЕКЦИЈА ВО ДРАЧЕВО заради ефикасна заштита на граѓаните од комарци

Центарот за јавно здравје, во соработка со Општина Кисела Вода, денеска спроведува вонредна акција за дезинсекција на подрачјето на населбата Драчево, со цел ефикасна заштита на граѓаните од комарци и спречување на нивното масовно размножување. Како што информираат од Општината, денешната акција е фокусирана на сузбивање на ларвите, при што специјализираните екипи на терен вршат […]
ЦАНА: Немаме податоци дека некој има гастроинтестинални тегоби поради водата во Скопје

Немаме податоци дека некој има гастроинтестинални тегоби поради пиење на водата за пиење во Скопје. Вака денеска одговори директорот на Клиниката за Инфективни болести во Скопје, доктор Фадил Цана, на новинарско прашање, дали е вистина, како што се пишувало по социјалните мрежи, дека имало пациенти со здравствени проблеми поради водата за пиење во Скопје. – […]
ПРОГЛАСЕНА ЕПИДЕМИЈА НА ЗАПАДНО-НИЛСКА ТРЕСКА ВО ПЕТ СКОПСКИ ОПШТИНИ, ПОЧИНАЛ ЕДЕН ПАЦИЕНТ

Епидемија на западно-нилска треска е прогласена во скопските општини – Кисела Вода, Гази Баба, Аеродром, Бутел и Илинден. Здравствените власти убедуваат дека нема место за паника и апелираат да се почитуваат мерките за лична заштита од Западно-нилска треска. Во земјава, од почетокот на годината се евидентирани 26 пациенти заболени од Западно-нилска треска, а еден […]
ШПАНИЈА ЌЕ ИЗГУБИ НАЈМНОГУ ОД СОНЧЕВАТА ЕНЕРГИЈА ВО ПИКОТ НА ЗАТЕМНУВАЊЕТО НА СОНЦЕТО, колку ќе изгубат и другите земји во Европа

Затемнувањето на сонцето во среда навечер привремено ќе го намали производството на електрична енергија од фотоволтаични системи во поголемиот дел од Европа, главно во Шпанија и Португалија. Според проценките на операторите на електрични мрежи, оваа појава нема влијание врз снабдувањето со електрична еенергија од обновливи извори. Затемнувањето на сонцето ќе се случи во пресрет на […]
КЛИМАТСКИТЕ ПРОМЕНИ КАКО ПОВОД ЗА БЕРЗАНСКИ ИГРИ СО ЦЕНАТА НА КАФЕТО, забележан најголем дневен раст на цените на кафето и какаото во последните 25 години

Цените на кафето и какаото забележаа силен раст на светските берзи откако инвеститорите се загрижија дека климатскиот феномен Ел Нињо може да ги загрози приносите во најголемите производствени региони. Фјучерсите за кафе скокнаа за 18,5 проценти во понеделник, достигнувајќи 3,57 долари за фунта, или околу 454 грама. Ова е најголемото еднодневно зголемување на цената на […]
ВО ХОТЕЛИТЕ БЕЗ ПЛАСТИЧНИ ЧЕТКИЧКИ ЗА ЗАБИ, ВО РЕСТОРАНИТЕ НЕМА КАФЕ ВО ПЛАСТИЧНА ЧАША… ВО ЕУ ВАЖАТ НОВИТЕ ПРАВИЛА ЗА КОРИСТЕЊЕ НА ЕДНОКРАТНА АМБАЛАЖА

Правилата за употреба на пакувањето се менуваат во Европската Унија. Новите правила почнуваат од утре и важат за сите што пласираат пакување на пазарот. Целта е да се намали количината на пластичен отпад и да се поттикне повеќекратната употреба на пластични предмети. Од февруари следната година, ќе стапат во сила промените поврзани со потрошувачите. Потрошувачите […]