Затемнувањето на сонцето во среда навечер привремено ќе го намали производството на електрична енергија од фотоволтаични системи во поголемиот дел од Европа, главно во Шпанија и Португалија.
Според проценките на операторите на електрични мрежи, оваа појава нема влијание врз снабдувањето со електрична еенергија од обновливи извори.
Затемнувањето на сонцето ќе се случи во пресрет на времето кога производството на електрична енергија од фотоволтаични системи веќе природно се намалува, па затоа само ќе го забрза овој процес, забележуваат операторите. Европското здружение на оператори ENTOS-E процени кон крајот на минатата недела дека на врвот на затемнувањето, помеѓу 19:15 и 21:30 часот, производството на сончева енергија во Европа треба да се намали за 9,7 гигавати, доколку времето е ведро.
Шпанија ќе изгуби најмногу соларни гигавати, малку повеќе од половина од проценетата загуба на европско ниво, според Хина.
Производството на сончева енергија во Шпанија ќе биде за околу пет гигавати помало на врвот на падот за време на затемнувањето, што одговара на околу 13 проценти од максималната побарувачка во просечна среда во август, пресмета шпанскиот оператор на електричната мрежа „Ред Електрика“.
Португалија ќе изгуби 450 мегавати, проценува операторот REN, околу половина од електричната енергија што ја произведува во просек од своите фотоволтаични системи во тоа време од денот, што одговара на околу седум проценти од просечната потрошувачка во тој период.
Операторите на германскиот преносен систем проценуваат дека производството ќе се намали за максимум два гигавати ако небото е ведро.
Во Франција, производството на електрична енергија во фотоволтаичните системи ќе се намали за околу 1,8 гигавати за кратко време, според операторот на мрежата RTE, што одговара на само шест проценти од вкупниот капацитет за производство на електрична енергија од сончева енергија.
Затемнувањето ќе биде целосно само над северна Шпанија и североисточна Португалија, додека во поголемиот дел од Франција и северна Италија Месечината ќе покрие над 90 проценти од Сонцето, пренесува Пословни дневник.







