САУДИСКА АРАБИЈА СЕ ВРАТИ НА ПРЕДВОЕНОТО НИВО ВО ПРОИЗВОДСТВОТО НА НАФТА

Производството на саудиска нафта во октомври се врати на близу предвоените нивоа, бидејќи кралството пронајде начини да го одржи извозот и покрај ескалацијата на нападите врз превозот и енергетската инфраструктура.

Официјален Ријад соопшти дека минатиот месец произведувал 10,6 милиони барели сурова нафта дневно, што е највисоко ниво откако САД и Израел започнаа војна против Иран кон крајот на февруари.

Саудиското производство во октомври беше повисоко од просекот во двата месеци пред војната, според податоците доставени до ОПЕК. Војната со Иран доведе до колапс на снабдувањето со нафта од Заливот откако Техеран ја презеде контролата врз Ормуската Теснина, низ која поминува околу една петтина од светската нафта.

Обединетите Арапски Емирати го напуштија ОПЕК оваа година и повеќе не доставуваат податоци за производството на нафта до организацијата. Сепак, според секундарните извори што ги користи ОПЕК, земјата произведувала повеќе од 4 милиони барели дневно во октомври, што е далеку над нивото пред војната. Кога ОАЕ ја објави својата одлука да го напушти ОПЕК во април, тие изјавија дека сакаат поголема слобода за зголемување на производството, без ограничувањата на членството, пренесува Сеебиз.


Фото Економија и бизнис

Повеќе од истиот автор

Најчитано