ОД СЛЕДНИОТ МЕСЕЦ ЖИЧНИЦАТА НА ВОДНО ПОВТОРНО ВО ФУНКЦИЈА, најави градоначалникот на Скопје Орце Ѓорѓиевски

Следниот месец жичницата на Водно повторно да биде ставена во функција, објави  градоначалникот на Град Скопје Орце Ѓорѓиевски.

– Жичницата е едно од омилените скопски доживувања. Таа нѐ носи поблиску до природата и до глетката што секогаш нѐ потсетува колку е убав нашиот град. Но, при увид, беа констатирани сериозни недостатоци, последица на долгогодишното неспроведување на неопходните големи сервиси и редовното одржување од страна на претходните раководства. Беше потребен обемен и темелен зафат, запоставен речиси една деценија. Затоа жичницата беше ставена вон функција. За мене, безбедноста на нашиот народ е пред сѐ. Тука нема компромис. Сега сме посветени на нејзината целосна реконструкција; за безбедно возење, сигурна работа и спокојство за секој посетител, изјавил Ѓорѓиевски при денешниот увид.

Ѓорѓиевски истакнал дека во тек се зафатите за обнова на жичницата и темелна реконструкција на кабините, а се очекува да пристигне и моторот којшто е испратен на репарирање надвор од државава.

– Очекуваме за многу кратко време, веќе следниот месец, по завршувањето на работите и неопходните безбедносни проверки, жичницата повторно да ги пречека скопјани и гостите на нашиот град. Го обновуваме она што со години било запоставувано, изјавил Ѓорѓиевски.


Извор МИА

Фото Економија и бизнис

Повеќе од истиот автор

Најчитано