ГЕРМАНЦИТЕ СО УНИВЕРЗИТЕТСКА ДИПЛОМА ПОТЕШКО ДОАЃААТ ДО РАБОТНО МЕСТО

Невработеноста кај високообразованите граѓани во Германија достигна рекордно ниво, особено кај младите, во време на слаб економски раст и сè поширока употреба на вештачка интелигенција.

Според податоците од Федералната агенција за вработување, во август 372.000 лица со високо образование биле невработени, со што продолжува петгодишното зголемување на невработеноста во оваа група.

Сепак, факултетската диплома сè уште носи предност на пазарот на трудот. Стапката на невработеност кај оние со високо образование во 2025 година изнесувала 3,3 проценти, додека кај лицата со завршено стручно образование била 3,6 проценти. Кај оние без формални професионални квалификации, достигнала повеќе од 21 процент, пренесува ДПА.

Невработеноста кај дипломираните студенти по наставнички студии, таа била помалку од два проценти, додека кај дипломираните студенти по хуманистички науки била 4,6 проценти, а кај инженерите 3,8 проценти. Младите луѓе кои штотуку влегуваат на пазарот на трудот се особено изложени на ризик.

Федералната агенција за вработување верува дека вештачката интелигенција генерално нема целосно да ги замени постојните занимања.  


Фото Економија и бизнис

Повеќе од истиот автор

Најчитано