ВО ЈУНИ ИЗДАДЕНИ ОДОБРЕНИЈА ЗА ИЗГРАДБА НА 754 СТАНОВИ

Во јуни годинава се издадени 296 одобренија за градење, што е за 39,0 % повеќе во однос на истиот месец од претходната година, соопшти Државниот завод за статистика.

Според издадените одобренија за градење, предвидената вредност на објектите изнесува 6 363 610 илјади денари, што е за  31,0 % повеќе во однос на истиот месец лани. Најмногу одобренија – 70, се издадени во Полошкиот регион.

Од вкупниот број издадени одобренија за градење, 200 (67,6 %) се наменети за објекти од високоградба, 26 (8,8 %) за објекти од нискоградба и 70 ( 23,6 %) за објекти за реконструкција.

Од вкупно 296 објекти, на  218 (73,6 %) како инвеститори се јавуваат физички лица, а на 78 (26.4%) објекти инвеститори се деловни субјекти. 

Во извештајниот период е предвидена изградба на 754 станови со вкупна корисна површина од  64 266 м2.са.


Фото Економија и бизнис

Повеќе од истиот автор

Најчитано