ЛОНДОНСКИОТ АЕРОДРОМ ЈА ИЗГУБИ ТИТУЛАТА НА НАЈПРОМЕТЕН ЕВРОПСКИ АЕРОДРОМ

Лондонскиот аеродром Хитроу ја изгуби својата позиција како најпрометен аеродром во Европа во јули, откако низ неговите терминали поминаа 7,86 милиони патници, додека аеродромот во Истанбул регистрираше 8,15 милиони.

Бројот на патници на аеродромот Хитроу беше за 1,5 проценти помал отколку во јули минатата година, додека Истанбул забележа раст од 2,3 проценти, објавува Гардијан.

Воздушниот сообраќај помеѓу аеродромот Хитроу и дестинациите на Блискиот Исток беше особено погоден од војната меѓу Соединетите Американски Држави и Иран, па бројот на патници на тие линии во јули беше за 20,2 проценти помал отколку една година претходно.

Лондонскиот аеродром бара дозвола за изградба на трета писта, што би можело да го зголеми капацитетот од околу 85 милиони патници годишно, како што е евидентирано во 2025 година, на дури 150 милиони.

Хитроу беше најпрометен аеродром во Европа од 1996 до 2019 година, пред ограничувањата поради пандемијата да го прекинат тој низ. Тој повторно ја освои титулата во 2023 година, но сега Истанбул за прв пат ја презеде водечката позиција, пренесува Еуроњуз Србија.


Фото Економија и бизнис

Повеќе од истиот автор

Најчитано